Home Live Калиопи: Не можевме да спиеме, Ромео ја зеде гитарата, и по неколку...

Калиопи: Не можевме да спиеме, Ромео ја зеде гитарата, и по неколку часа во нашиот хотелски апартман…

Калиопои е вистина музичка дива, на која ѝ се восхитува публиката од сите генерации и од целиот ексј Ју регион. Калиопи, објавувајќи свои слики објавува и стихови од нејзините песни како на пример песната „Мојот дом“ која оди вака: “Само затвори очи и силно гушни ме.

Не предавај се, оваа љубов твој е дом. Никој од тебе не бара солзи за каење. Ни вака од внатре ни на јаве, ни на сон…” Пејачката сподели стихови од својата песна „Од себе не одустајем“ и објави свои природни слики на кои е многу среќна и насмеана.

Калиопи беше во Белград, како гостинка во емисијата „Студио“ која е всушност мултимедијално музичко шоу, каде што познати пејачи пеат стари песни во нови аранжмани.

Емисијата се емитува на Радио телевизија Србија секоја сабота. Калиопи на социјалните мрежи објави видео во кое таа ја пее песната „Македонија“ која на времето на има испеано Дадо Топиќ, познатиот хрватски музичар. Во видеото, таа објаснува што за неа и за целиот народ претставуваа оваа песна.

– Тоа беше време на Југославија кога не се пееше многу за републиките посебно, ние секогаш пеевме за една земја.

Со самото тоа имам чувство дека луѓето сфаќаат дека македонското сонце е љубов и желбата на тој народ себеси да се дава на другите е некако блиска.

Посебно благодарам на Дадо Топиќ, кого го обожавам, кого го сакам, кој е мој голем пријател, тој некако го опеа сето она што многу други никогаш не би рекле, а да не е Македонец“, рече Калиопи тогаш. Нејзин добар пријател и соработник е и првиот сопруг, Ромео Грил, кој се уште ги компонира нејзините песни.

Тој ја напиша и незаборавната „Бато“ по која Калиопи стана позната насекаде. Пејачката сподели една интересна приказна на Инстаграм: Прекрасна симболика … На денешен ден 1987 година, заврши снимањето на легендарниот албум Rođeni делото на феноменалниот Ромео Грил..

Со тој албум се роди вистинската јас .. И токму денес, Music Awards Ceremony го објавува мојот настап на MAC2020 со песната „Rodjeni“ (Бато)“, напиша Калиопи и ја објави снимката од настап во Белград.

Песната „Rođeni“ или „Бато“, евергринот настанал пред 34 години, е создаден во Русија, од хит мејкерот Ромео Грил.

За Женски магазин, Калиопи откри дека со таа песна, се отворило ново поглавје во нејзиниот живот, како приватно, така и во нејзината кариера.

– Бевме на турнеја низ тогашниот Советски Сојуз во 1987 година и беше многу напорно, тешко, но и искуство кое засекогаш ќе го паметам. Турнејата траеше речиси три месеци.

Понекогаш имавме и по два до три концерта во еден ден, огромен беше интересот на публиката… Секојдневни патувања со авиони, воз, автобуси.

После нашиот концерт во Мурманск не можевме да спиеме, бидејќи беа бели ноќи.. Ромео ја зеде гитарата, и по неколку часа во нашиот хотелски апартман ја напиша песнатата„Rođeni“.(Бато).

Се сеќавам дека кога ги слушнав првите звуци на таа песна, почувствував неповторлива магија“, се присети Калиопи.

Безвременска песнa која живее до ден- денес. А кога ја направи имав само 19 години. Со таа песна, со тој албум „Rođeni”, како што тогаш кажа Ромео, девојчето, (јас) требаше да прерасне во жена“, изјавила Калиопи во Женски магазин.

Previous articleД-р Ненад Лазаров со важна информација до граѓаните: Кога се самотестирате, прво земете примерок од грлото
Next articleПо долго време се огласи Адpијан Гаџа и ја покажа cвојата најважна личнocт (ФОТО)