Home Live Маја: Ако ова што го прават со парното не прекине веднаш, ќе...

Маја: Ако ова што го прават со парното не прекине веднаш, ќе барам начин да се покрене групна тужба до БЕГ

Министерот за економија и РКЕ вчера предложија од државната каса во БЕГ да се префрлат 5 милиони евра, а Град Скопје и сите општини да учествуваат со уште 1 милион евра за скопјани повторно да имаат топли радијатори, пренесе Канал 5.

Од Град Скопје официјален став нема за оваа понуда, но од советничката група на ВМРО ДПМНЕ денеска велат дека градската каса е во минус и Градот нема пари да помогне..

Додека надлежните преговараат, граѓаните стравуваат дали радијаторите конечно ќе им бидат топли во пресрет на минусните температури. Експертската јавност аламира проблемот да се реши час поскоро.

Универзитетскиот прфесор Ристо Цицонков за Канал 5 вели дека единствен начин да се реши кризата е државата да ги субвенционира фирмите за товарот да не падне на грбот на граѓаните.

„Само со 14% БЕГ ќе банкротира многу брзо, не можат да поднесат со таа цена, тука мора да искочи Владата, да ја покрие таа разлика во цена.

А, Градот велат дека има празна каса, ако можат добро, ако не можат нека се снаоѓаат на друг начин, но БЕГ не можат да издржат со 14% покачување на цената.“ изјави Проф. д-р Ристо Цицонков, Машински факултет.

Парното поскапе од 1ви јануари за 14%, а од Регулаторна уште тогаш кажаа дека фирмите гас имаат за до крајот на неделава.

БЕГ ниту денеска не одговори дали предлогот на Владата за помош од 6 милиони евра ќе биде доволен да се покријат високите трошоци кои ги има компанијата за набавка на природен гас и ќе ги спасат граѓаните од ценовен шо к.

Во статус на Фејсбук, Маја Бабиќ ја коментираше состојбата со БЕГ и ви го пренесуваме во целост:

– Замислете како ќе изгледа ако на пример Телеком реши да ни редуцира мрежа или интернет и не врати на dial up или ако Водовод реши да исклучи вода или ќе пушта капка по капка? Или ЕВН реши да си прави вклучи исклучи без најава или да ни оптимизира фази.

Еве БЕГ реши дека не ни треба греење и ни го „оптимизираше„ што и да значи тоа. Да се разбереме, јас плаќам 12 месеци за парно, сакам да имам 24 часа пристап до него.

Дали ќе го вклучам или не и колку степени ќе ми биде дома зависи од околностите и од буџетот. Тие се должни да испорачуваат топлина, јас да ја користам и да платам за потрошеното.

Ниту имам време да се јавувам и да пријавувам намалена температура ниту сакам да мерам и да се занимавам со тоа. Ова што деновиве го прават е чист тероризам. Ни ускратуваат услуга што ја плаќаме и што патем ја покачија.

Немам можност за догревање, немам инвертор клима. Немам дополнителни грејни тела ниту имам намера да ги купувам. Сум одбрала стан со приклучок на градско парно и сакам да добијам услуга.

Ако овој тepopиcтички чин не прекине веднаш, ќе барам начин да се покрене групна тужба до БЕГ и да си ги бараме правата легално.

И да, чекам официјално известување и решение од БЕГ, Влада на Република Северна Македонија и Град Скопје“, стои во Фејсбук статусот.

Previous articleНикола Димитров откри дополнителни детали, се огласи и Заев
Next articleПознатиот битолски пејач стана татко, ретко и убаво име за синот