Home News Никола Димитров откри дополнителни детали, се огласи и Заев

Никола Димитров откри дополнителни детали, се огласи и Заев

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, денес ја разбранува јавноста со своите коментари во врска со спорот со Бугарија и неговата смена од Министерската позиција.




„Прво, сакам да кажам дека не си дадов сам оставка оти не сум човек кој се повлекува. Во два наврати, нашите несогласувања за спорот со Бугарија кулминираа, еднаш во Брисел и еднаш во Скопје.




Гласно кажував дека одредени работи нема да поминат кај мене. За моите позиции нема простор во Владата и затоа за да молчам ми беше понудено прво да бидам амбасадор со Вашингтон, а откако одбив, ми понудија да бирам во која земја сакам.




Интерес да ме нема има и кај соседот кој ме нарекува вирус поголем од ковид. Затоа јас останува дома да се борам гласно против лошо решение со Бугарија и да поддржам достоинствено”, рече Димитров.

Тој кажа дека не отстапувал од позицијата македонскиот јазик да биде чисто претставен во преговарачката рамка, без никакви објаснувања.




„Не можеме ние да правиме чекори без одредени чекори да нема од другата страна. Тоа остава простор другата страна да остане на ветото, чекајќи ние еден ден да попуштиме. Ние имаме поддршка од европските партнери и таа не е падната од небо”, “, рече Димитров.




Тој нагласи дека не му верува на министерот Бујар Османи.
„Да, немам доверба во Османи по однос на прашањето со Бугарија. Имам чувство дека има ‘драјв’ за успех по секоја цена, што е опасно и непродуктивно.

Се надевам дека грешам, но такво чувство имам. Во однос на Владо Бучковски, ќе кажам дека не бевме на иста линија со ставовите”, кажа вицепремиерот.




По повод ваквите изјави на Димитров, се огласија од кабинетот на премиерот во заминување, Зоран Заев.

-Северна Македонија има јасни позиции во разговорите со Бугарија, изградени со целосно владино единство и испратени како одговор од нашето МНР до бугарското МНР.

Македонскиот идентитет и македонскиот јазик воопшто не се тема на разговор помеѓу нас и Бугарија.




Во реакцијата се посочува дека македонските позиции кои се целосно на линија на португалскиот предлог кој бил усвоен и на словенечкото претседателство и кои се целосно во согласност со Резолуцијата усвоена во Собранието, се изградени низ сеопфатен консултативен процес и работни состаноци во кои Димитров имал активна и суштинска улога.




– Со македонските позиции во овие преговори се согласи и Никола Димитров, впрочем тој имаше сериозен удел во создавањето на тие наши позиции, низ процесот кој го водеше министерот за надворешни работи, Бујар Османи.




Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е заради народот да го каже тоа и да објасни зошто, бидејќи во спротивно останува само впечатокот дека неговото неучество во идната влада е причина за ваквите неточни и шпекулативни јавни манифестации со цел од напред да се става товар на недоверба во владата, се нагласува во реакцијата.

Previous articleБугарите направија пеcнa за Ноле- Австралија пуста да остане, цела да ја фане… (ВИДЕО)
Next articleМаја: Ако ова што го прават со парното не прекине веднаш, ќе барам начин да се покрене групна тужба до БЕГ