Home Live Агнеса објави слика и порача: Сакам да ги известам сите студенти дека...

Агнеса објави слика и порача: Сакам да ги известам сите студенти дека имаат попуст во оваа мобилара (ФОТО)

Од 13 јануари минатата година, јавноста беше постојано во тек со разводот на поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски.

Тој тогаш објави статус во кој јавно раскажа дека се разделува од сопругата, Агнеса Органџиева, вработена во АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење.

– Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Агнеса не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка.

Има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене“, објави тогаш Орданоски.

Подоцна, Агнеса одговори прекуи неколку медиуми. За „Фокус“, изјави дека брачните проблеми не треба да се решаваат на Фејсбук, туку дома, во четири очи.

„Штом го оставам, нешто има. Нешто дома не е во ред. Затоа решив. Кога веќе ја вмеша јавноста и јавноста виде што кажа за мене, тогаш еве нека сфати јавноста со каков човек сум имала работа.

Цело време трпев само поради децата, но сега пораснаа. Додека сум млада сакам да бидам сама и да се посветам на кариерата. Премногу сум воспитана. Јас сум дете од Скопје. Се фали со семејството, но ако е до тоа, еве моето е уште појако“, изјави Агнеса за ММС.мк. Орданоски пак, во Женски магазин рече:

– Преголемите емоции кои ги чуствував тој момент, кој требаше да биде семеен, но испадна да биде без мајка ѝ, по нејзина желба, доведоа емоциите да ги споделам со сите, без намера да подигнам прашина.

Но сепак, да укажам на некои девијации во нашето општество поттикнати од разноразни ријалити емисии, каде девојките се натпреваруваст која повештачки ќе изгледа, притоа занемарувајќи го основниот фундамент на секое општеството, а тоа е семејството.

Во таков филм, за жал, упадна и мојата сопруга Агнеса, која сè повеќе време си посветуваше на себеси, сè помалку на нас тројца.

Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство, уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви“.

Агнеса во меѓувреме доби многу следбеници на Инстаграм каде што се фотографира сама и со ќерките, а една страница ја номинираше и за Мис Инстаграм, како една од најубавите жени во Македонија.

Агнеса нво една прилика објави цитат за кој кажа дека е нејзин. „Постојат два различни типа на начин на размислување: Луѓето со фиксиран начин на размислување веруваат дека овие квалитети се вродени, фиксни и непроменливи.

Оние со размислување кое се развива, од друга страна, веруваат дека овие способности можат да се развијат и зајакнат со посветеност и напорна работа.“ Орданоски го пронашол оригиналиот линк каде што е споделен овој цитат и напишал: „Порака до мојата поранешна, кога цитираш нешто, наведи го изворот. Сепак, цитатот е одличен.“

Агнеса во Женски магзин зборуваше за своите парфеми, шминки и за негата на лицето и на телото, и меѓудругото, таа изјави:

– Дневниот козметички ритуал ми започнува во 06-30 часот наутро. Често после будење сите изгледаме поуморни, но некогаш мора да посветиме повеќе внимание на вечерната нега ако сакаме да блеснеме со својот изглед наутро.

– Искрено немам потреба било што да прикривам на моето лице, можам само да истакнам дел, тоа се моите очи и усни“, одговара таа на прашето: Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

Парфемот за мене е од големо значење, тој е најинтензивниот дел кој мора да асоцира на љубов. Парфемот мора да дава допир на елеганција, детал кој суптилно го привлекува вашиот изглед“, рече таа.

Неодамна, во интервју за Бекстејџ, таа изјави дека Орданоски е прекрасен татко и дека тој сега по разводот ги гледа ќерките кога сака, а тие имаат коректен однос, а тоа што претходно го направил било наплив на емоции.

Агнеса е сега позната инфлуенсерка и рекламира разни производи. На Инстаграм, таа секојдневно објавува слики кои се провокативни и доста интересни, а на една од поновите, таа го прикажува својот длабок шлиц, рекламирајќи аудио опрема.

– Сакам да ги известам сите студенти дека имаат 10% попуст на сервис, вели Агнеса до оваа слика за која доби доста коментари од типот: Лепото, и емотикони со кои нејзините следбеници прикажуваат дека изгледа одлично.

Previous articleИлиjа Димовски: Tројца од носителите на изборни листи на CДСM јавно соопштија дека власта тера по други патеки
Next articleУ земја на секакви oлoши и луѓе со низок мopал- БИДИ ГОРЈАН ТОЗИЈА! Иванов и многу пријатели се простија од Медо