Home News Илиjа Димовски: Tројца од носителите на изборни листи на CДСM јавно соопштија...

Илиjа Димовски: Tројца од носителите на изборни листи на CДСM јавно соопштија дека власта тера по други патеки

Министерот за Евроинтеграции во заминување, Никола Димитров, вчера на прес конференција рече дека тој не се повлекува од позицијата министер, туку е сменет..

Според него, тоа е најверојатно така, бидејќи неговите ставови за спорот со Бугарија, очигледно некому му пречат. Тој исто така додаде и дека не му верува на Министерот за надворешни работи во искреноста во преговорите со Бугарија..

По ова негово обраќање, следуваа ка нонада од коментари, зошто сето ова не го кажал порано, туку сега, кога виде дека испаѓа од „игра“..

Свој коментар имаше и мандатарот за нова Влада, Димитар Ковачевски..

-Во однос на преговорите со Бугарија, можам да кажам дека тоа што е водено, Димитров учествувал и на крајот прашањето би било со што со тој не се сложува и од кога не се сложува.

Во однос на ставот дека не сум експерт за надворешна политика, ќе кажам дека не постои универзален експерт за сите прашања..

Премиерот е тој што треба да координира со ресорите, одговори мандатарот Димитар Ковачевски на денешната изјава на вицепремиерот за економски прашања во заминување, Никола Димитров.

На прашањето зошто Димитров не добил нов мандат во ресорот, Ковачевски смета дека во секторот за европски прашања, главниот фокус треба да биде на подготвеноста на реформските закони, на координација на други ресори и хармонизација на законските регулативи.

-Маричиќ има доволно искуство во делот на европските интеграции и дека оперативно многу подобро ќе одговори на таа функција. Димитров е дипломат од кариера. Не би ја намалил неговата важност, но сметам дека сепак треба да се биде коректен во однос на бившите колеги, рече Ковачевски во гостувањето на „Топ тема“.

Поранешниот пратеник и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски со свој коментар околу повлекувањето или промената на тројца носители од последните избори од СДСМ:

„Тројца од носителите на изборни листи на СДСМ од последните избори: Радмила Шеќеринска во ИЕ 5; Никола Димитров во ИЕ 1; и Билал Касами во ИЕ 6, јавно соопштија дека власта тера по други патеки од тие за кои добилa избори…

– Зоран Заев пак поднесе оставка бидејќи не можел да ги спроведува политиките за кои бил избран… Време е за нови избори…

П.С. ЛДП, ДС, ДОМ, ВМРО-НП не се откажуваат од власт па макар и од дома да им речат…

П.П.С. Алтернатива ќе ја спасува политичката кариера на двајца преостанати носители: Оливер Спасовски и Љупчо Николовски…“

Previous article„Д-р Пановски, први бевте да примиме трета доза, сега велите ние сме преносители“ – професорот даде одговор на оваа констатација
Next articleАгнеса објави слика и порача: Сакам да ги известам сите студенти дека имаат попуст во оваа мобилара (ФОТО)