Home Live У земја на секакви oлoши и луѓе со низок мopал- БИДИ ГОРЈАН...

У земја на секакви oлoши и луѓе со низок мopал- БИДИ ГОРЈАН ТОЗИЈА! Иванов и многу пријатели се простија од Медо

Вчера во Скопје на 68 годишна возраст се упокои долгогодишниот филмски продуцент, поранешен директор на Агенцијата за филм.

Тој беше и државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на тогашниот претседател Бранко Црвенковски.

Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Се наведува дека Тозија се упкоил поради силна пневмонија. Инаку, тој му беше брат на Љупо Тозија македонски режисер, директор на Македонската радио-телевизија и амбасадор во Италија кој ѝ беше сопруг на упокоената актерка Сабина Ајрула- Тозија.

– Горјан Тозија Медо прерано нѐ напушти. Тие неколку средби што сме ги имале ми оставија силен впечаток. Оваа слика е од студиото на Телма, од емисијата за Оскарите 2020. и за “Медена земја”. Можевме со часови да зборуваме за неговото огромно искуство како филмски продуцент.

Многу ми се допаѓаше колку беше духовит и се шегуваше на своја сметка. Памтам, пред неколку години, го гледав во една емисија во која гостуваше и Франо Ласиќ. На сред разговор на друга тема, Медо вели: “Е добро како може вака?

Го гледам Франо, па се гледам себеси, како изгледаш толку помлад, а исто годиште сме?!” Со неговиот брат, режисерот Љупчо Тозија, извонреден човек и колега, работевме заедно во Македонската Телевизија. Нека ти е светол патот, Медо“, напиша Миланка Рашиќ.

– Со искрено жалење ја примив веста за смртта на филмскиот продуцент Горјан Тозија, кој остави длабоки траги во современата македонска кинематографија и како директор на Агенцијата за филм, и како директор на Националната установа Филмски центар „Вардар филм“.

Свој неизбришлив траг остави и со општествените функции, меѓу кои и како Државен секретар во Министерството за култура.

Македонската култура од денеска е посиромашна за уште една личност која својот живот неуморно и со особена жар и емоција го посвети на развојот на македонската кинематографија.

Достојни за највисока почит се неговите професионалност и импресивна кариера во филмот, биографија од речиси 40 години во продукциски проекти од седмата уметност и посветена работа и достигнувања во вршењето на многубројни државни функции.

Ќе го паметиме како човек со посебна харизма кој ретко се среќава и ќе му бидеме благодарни за неговиот придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на македонската култура. Нека почива во мир!“ стои во објавата на Фејсбук на Ирена Стефоска, министерката за култура.

-Гуру мој не е фер. Од кога фајронтот волку рано? Пијачките недопиени, приказните недораскажани, жените недоозборувани… Денес сите плачевме. Денес сите ние загубивме по еден дел од себе.

Налет се друго не фер! Тешко е многу дури невозмозно да се помирирам најдраг гуру ти посакувам светол пат …. легендите никогаш не ум ират“,е статус посветен на Тозија кој го напиша Тренчева Слободанка.

– Утрово Ангеле (татко ми, а ти така го ословуваше у мое присуство) ми се јави да ми каже: Медо почин ал… И искрено денов полош не може да е, од глава не излегуваш, а у срце секад ќе бидеш!

Али да не должам, да го пишам она што сакам сите да го знаат, а тебе сум ти го кажал… У земја на секакви оло ши, бита нги, џук ели, расипници, луѓе со низок морал и без му-да БИДИ ГОРЈАН МЕДО ТОЗИЈА!

И ти ќе простиш за ваков текст (за другите гајле не ми е), ама поубаво не можам да опишам… Медо, Медо…

Поч ивај во мир, патувај со ангелите, а јас иако ме растажи ќе те спомнувам и никогаш нема да те заборавам! СЛАВА ТИ ВЕЛИКАНУ“. Со овој статус од Тозија се прости Ѓорѓи Иванов.

Previous articleАгнеса објави слика и порача: Сакам да ги известам сите студенти дека имаат попуст во оваа мобилара (ФОТО)
Next articleПетар Грашо ќе стане татко- Хана е бремена, Данијела се оглаcи по тој повод