Home Live Ребека се налyти: Лyѓе и вие уште cи ќyтите, да не случајно...

Ребека се налyти: Лyѓе и вие уште cи ќyтите, да не случајно и вие имaте амбиции дa ја напуштите државава или да земете Бугаpcки пасош?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски смета дека тоа што го спомена вицепремиерот за евро интеграции Никола Димитров, дека е можен уште еден штетен договор со Бугарија,

само потврдува дека тој однапред знаел за подготовката на ваквиот можен следен штетен договор со Бугарија, но додека бил функционер во Владата молчел..

Вчерашните изјави дадени од Димитров и јавно изнесената недоверба до неговиот доскорашен колега министерот за надворешни работи Бујар Османи,

според Милошоски, покажува дека и Димитров и Османи се само „лице“ и „опачина“ на една иста паричка која што во Владата претставува „интерес за нејзино опстанување односно личната кариера“.

– Тоа што го спомена Димитров, дека е можен уште еден штетен договор со Бугарија, само потврдува дека Никола Димитров однапред знаел за подготовката на ваквиот можен следен штетен договор со Бугарија.

Но, додека бил функционер во Владата молчел, а откако видел дека нема да биде член на Владата се решил да прозбори што е неморално, но во секој случај ризикот од ваквиот договор не го намалува и затоа треба да бидеме сериозни и внимателни, изјави денеска во Собранието пратеникот Милошоски.

Вицепремиерот за евроинтеграции во заминување, Никола Димитров синоќа на својата Фејсбук страница сподели дека му паднало паричето за Василица:

-Ми падна паричето! Мислете му ја, напиша Димитров споделувајќи фотографија од василичарската погача.

Тој вчера ја одржа својата последна прес конференција како вицепремиер и упати жестоки критики кон Владата. Рече дека тој не се повлекол, туку го смениле бидејќи имал различни ставови за преговорите со Бугарија.

Откри и дека нема доверба во министерот за надворешни работи, Бујар Османи во однос на преговорите, бидејќи има чувство дека тој сака решение по секоја цена. Пејачката Ребека даде изјава по овој повод на својот Фејсбук профил:

-Како може некој кој јавно се произнесува дека нема емоции во однос по прашањето за решавање на договорот со Бугарија да преговара за прашања кои не се дискутираат без емоции и чувство на припадност, љубов кон државата.

-Тој некој тука завршил основно училиште,средно, студирал и сега е министер за надворешни работи. Во Македонија се здобил со се што секој само може да посака. Е тој човек ги води БЕЗ ЕМОЦИИ надворешно политичките односи,работи и што уште не.

Како да слушнав дека и со еден негов колега лобираше за признавање на Косово. Значи емоциите за Косово се поголем?!Ништо не разбирам.

Другиот пак кој преговара и многу ми личи на еден негативен лик од детски цртан серијал се срамеше од сопственото дете и сега ќе води преговори за меѓучовечки односи за пријателство!???

Луѓе и вие уште си ќутите. Да не случајно и вие имате амбиции да ја напуштите државава или да земете Бугарски пасош?

На протести никогаш ве нема. Мислам дека е време да се преброиме и да ве испратиме сите вас кои немате емоции кон оваа наша единствена Македонија.

 

Previous article3оkи Фаци го покажа своjoт дом – изненади со уникатност, cтил и yметност (ФОТ0)
Next articleГрчкиот тенисер Циципаc раcпали по Ѓoковиќ: Cака cите да не прави бyдaли