Home Live Грчкиот тенисер Циципаc раcпали по Ѓoковиќ: Cака cите да не прави бyдaли

Грчкиот тенисер Циципаc раcпали по Ѓoковиќ: Cака cите да не прави бyдaли

Ставот и постапката на еден од најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ, наиде на различни реакции. Некои го поддржуваат, а некои го осудуваат.

Други пак, одбиваат да го коментираат процесот, но ги искажуваат своите ставови за вакцинацијата. Меѓу нив е и директорот на Pfizer, Алберт Бурла..

Во интервју за Блумберг, Бурла истакнал дека Ѓоковиќ се заразил со коронавирусот во последните три месеци,

што значи дека тој сигурно има доволно антитела за да биде добро заштитен ж во моментов. Но, нагласи и дека заштитата добиена со болеста не е толку силна како заштитата што ја дава вакцината.

“Јас сум голем обожавател на Новак Ѓоковиќ, но не можам да навлегувам во детали дали ја имал потребната документација за влез во Австралија или не. Тоа е меѓу него и властите, како и докторите.Сметам дека со прележување на короната,се добива силен имунитет, не само во овој случај , туку генерално. И тоа на одредено време“, рече Бурла, додавајќи:

„Во многу земји низ Европа, вашиот сертификат важи шест месеци по последната доза на вакцината, а во случај на пренесен вирус само три месеци по позитивниот тест. Значи , заштитата што ја добивате по природно прележаниот вирус, не трае како после вакцинацијата. Тоа е она што можам да го кажам и што го кажувам.“

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас вели дека тој никогаш не би ги прекршил правилата, а тенисерите како Ѓоковиќ прават другите да изгледаат како будали.

Не стивнуваат реакциите за Новак Ѓоковиќ, чиј настап на Австралија опен сѐ уште виси во воздух и зависи од одлуката на австралиските власти дали ќе побараат депортација или не.

Еден од оние што го кренаа гласот против Ѓоковиќ е и Гркот Стефанос Циципас.

„Ѓоковиќ дефинитивно си игра по свои правила и прави работи што повеќето тенисери не би имале храброст да ги направат.

АТП ги објави критериумите за влез во Австралија и јас никогаш не би тргнал невакциниран да влезам во земјата и да ги кршам протоколите“, вели Циципас.

„Очигледно дека не се сите подготвени да ги следат правилата.

Мал процент си бара некој свој пат и прави ние останатите да изгледаме како будали“.

Previous articleРебека се налyти: Лyѓе и вие уште cи ќyтите, да не случајно и вие имaте амбиции дa ја напуштите државава или да земете Бугаpcки пасош?
Next articleСиноличка: Одеднаш мe жегна нешто остро во cтомаkот и почувствував како детето во мене излета