Home Live По долго време се појави слика од Димче Mешковски, ваков досега не...

По долго време се појави слика од Димче Mешковски, ваков досега не сме го виделе (ФОТО)

Легенадрниот Димче Мешковки, за пријателите, а и за публиката Мешко, седум години живее во Санта Моника.

Најголемата причина е неговата внука Леона од ќерката Јасна, но и напредната медицина која му ги олеснува здравствените проблеми“, објави Женски магазин во една прилика.

Од сите места на светот, најдрагото на Мешко му е бифето на Драмскиот театар во Скопје кое редовно го посетувал кога бил во Скопје на посета кај својата фамилија во Скопје.

Инаку, како што е познато, ќерка на Мешковски му е Наташа Мешковска, познатата пливачка.

– Во моментов живеам во Лос Анџелес, во квартот Санта Моника, а инаку живеам и тука, во Скопје, на Партизанска. Сега веќе не сме со ќерка ми, сопругата и јас добивме свој стан, меѓутоа до нас е близу училиштето на нашата внука Леона.

Ние ја зeмаме од училиште и поминуваме време заедно додека родителите и се на работа. Прекрасно е, морам да кажам, Санта Моника е еден од најубавите делови на Лос Анџелес. Тука ни е близу океанот, палмите, и се што е најубаво.

Животот е убав и скап. Особено за нас, затоа што ние заминавме како пензионери, плус со сите мои здравствени проблеми.

Веќе не можам да работам за да допиринесувам дома. Егзистираме скромно, но врзани сме за ќерката и за внуката, затоа сме и таму.

Една од причините што заминавме е американската медицина. Во Лос Анџелес многу добро ме лечат, медицината таму е највиско ниво. Стручни кадри, стручна екипа, медицинска техника до совршенство. А јас, бидејќи имам повеќе од 65 години, имам право на бесплатно лекување.

Мислам дека ќе ни треба три интервјуа за да ви раскажам за моите болести. Среќен сум што сум сега овде. Мене ми беше малку чудно. Вистина мислев дека луѓето ме подзаборавиле.

Четири-пет години не сум бил дома, и пред тоа подолго време не снимав, не работев, две три години пред да заминам тие болести ме зафатија.

Меѓутоа уште кога менувавме авион, од Виена за Скопје, ме препознаа луѓе. Ми пријдоа: „О, господине Мешковски, како сте?“ Тогаш и реков на сопругата: „Добро бе жено, не ме заборавиле луѓето“. Ми беше многу пријатно тоа чуство“, изјавил Мешковски во Женски магазин.

Мешковски, познатиот актер кој за публиката познат како Мешко, во една прилика рече дека мнгу работел, многу шетал, а има многу малку фотографии од сите свои доживувања.

– Не сум водел многу грижа да приберам свој материјал, немам голема архива, за разлика од мојата ќерка Наташа која сè складира. Сега ми е малку криво што бев така неорганизиран“, рече Димче во емисијата „Нешто плус со Кате“ пред неколу години.

Тој зборуваше за своето семејство. „Татко ми беше службеник, и мајка ми исто, во банка. Имам прекрасни брат и сестра“, рече Мешковски, и раскажа дека освен по улогите, го паметат и по гласот, по неговата синхронизација на цртани филмови како „Попај“ и многу други.

Мешковски раскажа дека пресметал дека во неговиот театар има одиграно околу 6000 претстави, десетина претстави се по 300 пати играни, меѓу кои се „Болва во уво“, „Солунски патрдии“, „Собирен цетар“, „Викенд на мрт-овци“…

Потоа Мешковски покажа слика со својата колешка Мара Попара од гостување во Австралија. „во Австралија сме биле девет пати, во Канада 4 пати, во Америка исто така многу пати.

На Димче Мешковски се сетила Сузана Турунџиева која објавила слика со него на Фејсбук, од времето кога таа беше дел од тогашната телвизија А1, а Димче на сликата е облечен како Дедо мраз.

До сликата, Тутунџиева напишала: А1 телевизија го имаше најдобриот Дедо Мраз. Димче Мешковски – one and only. Спомени“.

Previous articleСиноличка: Одеднаш мe жегна нешто остро во cтомаkот и почувствував како детето во мене излета
Next articleМу се посреќи на cинот на Шабан, стана кoнзул во наjбогатата земја