Home Live Има четири деца дома, ама мора да ги остави и да оди...

Има четири деца дома, ама мора да ги остави и да оди да печали за нив – Ѓоко Јовиќ заминува за Америка

Ѓоко Јовиќ во емисијата Магазин на Сител зборуваше дека дома му е весело откако му се роди четвртото дете. Познатиот фолк пејач рече дека во овој период повеќе седи дома, кога нема настапи, а знаат и да прошетаат со семејството.

Некои велат трета среќа, но за пејачот Ѓоко Јовиќ се погоди четврта среќа.

Тој пред неколку месеци, минатата година доби многу честитки на својот Фејсбук профил, и се’ уште не престана да добива, затоа што по четврти пат, нашиот познат пејач стана татко.

Неговата сопруга за која често вели дека му е голема поддршка, Ивана роди син. Веста дека Ивана се породила, пејачот ја сподели на Фејсбук.

„Денес нашиот дом повторно блесна со среќа, насмевка и љубов затоа што Бог ни подари уште едно ангелче во нашето семејство. Мојата сопруга Ивана ми роди син. Нека е жив и здрав“, напиша Јовиќ.

-Помагам колку што можам, давам се’ од себе, но морам да кажам благодарам и до поголемите дечиња Теодора и Михаил, тие многу помаагаат, навистина околу помалите.

Теодора и Михаил се голема дарба од Бога за пеење и за свирење, Јоан покажува големи амбиции кон музиката.

Еве Дарин, можам да кажам дека исто и тој, но сега се уште се мали, не можам да кажам што ќе биде понатаму со нив“, рече Јовиќ во Магазин. Во една прилика, нашиот познат фолк пејач Ѓоко Јовиќ во интервју за ИН ТВ раскажува како поминувал периодот на пандемија за него.

Тој вели дека во текот на изминатите неколку месеци собрал доста нови идеа кои се надева дека ќе ги реализира во најскоро време и дека ќе ги изненади неговите фанови со нови музички проекти и песни.

Еден од најпознатите македонски пејачи, Ѓоко Јовиќ во ексклузивно интервју за ИН ТВ проговоти за тогашната те-шка ситуација во која се наоѓаше нашата земја и воопшто во целиот свет.

-Првите неколку месеци по прогласувањето на пандемијата на беше се’ во ред, убаво, дома со семејството, навистина имавме убави моменти, убава дружба со моите најсакани.

Јовиќ истакна дека сите негови концерти се полни, без оглед дали пее во Макдеонија или за нашинците во дијаспората. „Нашите гостувања во Америка е како да гостуваме во Македонија. Топол народ, исполнет со љубов“, рече пејачот.

Исто така, зборуваше и за тоа како тој ги снима своите спотови со познати актери, меѓу кои Шенка Колозова, и кога тој ги гледа како глумат, тоа е за него нешто невозможно и им се восхитува.

Ѓоко, во октомври во моментот на раѓањето на неговото синче беше во Германија каде што претходно имаше договорени настапи, па по доаѓањето од Германија, во кругот на најблиските, со одбрани музичари го прослави раѓањето, каде што го откри и името на неговиот син – Дарин.

На Ивана, на сопругата на Ѓоко неодамна ѝ беше роденден, па тој објави убава семејна слика и напиша: „Среќен роденден љубена“ до сликата од нив двајца со сите четири деца околу нив.

Но, Јовиќ потоа објави уште една новост, тоест обзнани за неовата турнеја низ Америка која ќе се случува нод 18 март до 9 април низ повеќе американски градов со неговиот бенд „Енерџи“.

Сигурно дека на Јовиќ не му е лесно да го остави своето убаво семејство, но, мора и да печали за нив, па по тој повод, ќе замине во Америка.

Previous articleМирoслав Илиќ рано останал без мајка, а овој човек му бил се, за болката му е тешко да зборува
Next articleПетар Грашо го откри полот на бебето што го чека со Ханa, најсреќна е мајката на бебето