Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа минатата сабота (19.02.2022), а сега се откриени детали од нивната тајна венчавка.
Дино Раѓа (54) беше кум на Петар Грашо. Тој одговараше на прашања на социјалните мрежи, а некој го праша кој го фатил бидермаерот од невестата.
-Баба Милка, се пошегува Раѓа. Исто така, некои фанови коментираа дека им е жал за Данијела Мартиновиќ, а Раѓа истакна дека не треба да ја жалат бидејќи таа си заминала од Петар Грашо.
Парот се венчаше во црквата „Свети Доменика“ во Сплит, а на нивната венчавка присиствуваа семејствата, пријатели. По венчавката, парот се упати на прослава во еден ресторан.
Меѓутоа, на свадбата не се појави хрватската пејачка Северина која беше добра пријателка со Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ, па изгледа дека е оваа знак на чија страна е по раскинувањето.
Тончи Хуљиќ, таткото на Хана откри како се чувствувал на свадбата на својата ќерка и како се чувствува откако се таа омажи со неговиот долгогодишен соработник и пријател.
Тончи Хуљиќ не ја криеше гордоста и среќата на свадбата на својата ќерка Хана и долгогодишниот соработник Петар Грашо, а по венчавката откри неколку детали за тоа како го поминал времето на венчавката.
„Среќен сум што венчавката се одвиваше во прекрасна атмосфера и што беше интимна вечер со луѓе кои ги познаваме цел живот, со некои од нив триесет, четириесет години и кои ни ги одбележаа животите. Бевме педесетина и тоа беше важен момент за целото наше семејство.
Лично би сакал да им се заблагодарам на сите медиуми, на момент се однесувавме како „риалити“ семејство што секако не сме. Сега е време да се свртиме кон нормалниот живот и нашите деловни обврски. Се надевам тој интерес за приватно сега целосно ќе стивне“, изјави Тончи за Јутарњи лист.
Сведоци на нивните завети беа сестрата на Петар Буга и неговото семејство, братот на Хана, Иван, мајката и сестрите Вјекослава Хуљиќ и кумовите на венчавката на младенците.
Младенците, како што ексклузивно дознава Глориа.хр, ја направија официјалната фотосесија за нивниот свадбен албум во приватен хотел во Бачвице, Сплит. Вила Хармони беше нивниот избор бидејќи сакаа да го задржат тој интимен момент за себе.
Затоа, фотографирањето е направено на последниот кат од хотелот, далеку од љубопитните погледи на минувачите и фотографите. На овој, петти и последен кат од споменатата вила е Ројал Пентхаус, најлуксузниот стан на Вила Хармони.
Според информациите на Глориа.хр, токму таму младенците се облекувале за снимањето, а подоцна и за свадбата.
Инаку пејачот Грашо и Хана за првпат ќе станат родители. Петар Грашо го откри полот на бебето што го чека со сопругата Хана Хуљиќ.
Петар Грашо го открил полот на бебето кое го очекува неговата бремена сопруга Хана Хуљиќ, според медиумите, на свадбата која се одржа на 19 февруари.
Како што дознава „RTL Ekskluziv“, Петар и Хана наводно ќе имаат девојче, која треба да се роди во јули, кога е терминот за породување на Хана.
Да потсетиме, Петар Грашо и Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ, се венчаа на 19 февруари во Сплит, а се’ уште не се знае како ќе се вика наследничката.