Водителката на најгледаното балканско музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ Сања Кужет со години наназад крие една тајна од својот приватен живот далеку од очите на јавноста.
Сања Кужет зад себе има еден брак во кој доби син, Сања пред 13 години била во брак со член на обезбедувањето на телевизија Пинк, Зоран Пипер со кој исто така има син. Кума на првата нејзина венчавка била Лепа Брена.
-Тоа беше љубов на прв поглед, Сања тогаш важеше за една од најатрактивните водителки, а тој беше многу упорен, бидејќи таа многу му се допадна.
По неколку месеци забава, решија да се венчаат, открива извор за српските медиуми. Инаку во тоа време Сања била водителка на временска прогноза.
Водителката пред неколку години проговори за поранешниот сопруг.
-Се дружевме две години, а тогаш се заљубивме и венчавме, добивме дете, се разведовме, а и понатаму останавме во иста фирма… Зоран и јас по една година брак се разведовме.
Можеби некому тоа ќе изгледа смешно, но кај нас се беспрекорно функционира поради детето и сакаме таа комуникација да биде што подобра. Немаше љубоморни сцени, немаше суета, вели водителката.
Сања по првото породување се врати во ТВ Пинк како новинар во информативната програма, по што премина во „Гранд“ и ја доби работата како водителка на „Ѕвездите на Гранд“.
Во 2017 година се повлече од ТВ екраните на краток период, по што забремени со новиот избраник Немања Живојиновиќ, директор на маркетинг со кого доби син.
ТВ-лицето и водителкта на „Звезде Гранда“, Сања Кужет гостувајќи во емисијата „Гранд Магазин“ на сите гледачи им откри дека не сака да се шминка приватно и дека најмногу ужива во опуштена гардероба.
Иако, како што вели, некаде се очекува секогаш да бидат елегантно облечени и дотерани, не крие дека и се случува со денови да не се шминка.
– На луѓето многу им се допаѓа кога ме гледаат опуштена, кога не сум на сцената. А јас, токму поради тоа што се шминкам и шминкам на работа, се трудам слободното време да го поминувам на најрелаксиран можен начин. Тоа ми се допаѓа и не се срамам од тоа – изјавила Сања во емисијата.
Сања смета дека ако си задоволна од себе, тогаш немаш проблем со такви работи, а како што истакнува е многу исполнета.
Водителката Сања Кужет редовно предизвикува експлозија од комплименти кога се појавува во студиото на музичкото талент шоу „Ѕвезде Гранда“.
Членовите на жирито и корисниците на социјалните мрежи, велат дека „изгледа подобро од сите кандидати“, како и дека „со својата убавина и харизма секогаш го засенува целото студио“.
Исклучок не беше ниту последната снимка од споменатиот ТВ-формат, кога Кужет се појави во тесен, црн фустан со спуштени прерамки, а во преден план беше нејзиното бујно деколте.
Бретела мала, па још пала…“, напиша еден твитерџија под фотографијата на водителката.
Водителката Сања Кужет важи за една од најатрактивните јавни личности на сцената.
Таа често добива пофалби за својот изглед, а пред 3 години во јавност се појави со нејзината сестра Сандра која немаме прилика често да ја гледаме во јавност.
Во една прилика таа истакна дека тие две се вистински Југословенки, односно нивниот татко е од Хрватска, а мајка им од Црна Гора.
Двете своето детство го поминале во Баново Брдо, а подоцна со родителите се преселиле на Миљковац каде што живеат сега. Вака изгледа сестрата на водителката на „Ѕвездите на Гранд“.