Home Live Спенџарска се пошегува на сметка на Бубе Јаневска и Роберт Јанков, ,,паднаа”...

Спенџарска се пошегува на сметка на Бубе Јаневска и Роберт Јанков, ,,паднаа” од смеење во студиото

Повеќе од една деценија во медиумскиот простор. Многу часови поминати пред камера и богато искуство на медиумско поле, Јелена Спенџарска е една од најуникатните и најпрепознатливите македонски ТВ водителки.

Јелена има долгодишно искуство со новинарството, а покрај работата, таа е многу активна на социјалните мрежи и често покажува дека нејзините години не и можат ништо бидејќи таа е ,,дете” во срцето.

Еден од статусите на познатата водителка од Канал 5, Јелена Спенџарска на кој жените позитивно реагираа вели: „Да не се лажеме, не се плашат мажите од силните жени. Се плашат од фактот што тие можат СЕ’ и без нив“.

„Некои недели се за НЕправење ништо! Истегање во кревет. Попладневна дремка.. Дукс и долен дел пижами…

Гледање цела сезона од омилената серија, без прекин, само да идеш до тоалет или до кујна по чипс или сладолед…

Некои недели се за боси нозе, книги и кафе. За шетање. Долго, во природа. И тишина, додека сонцето ти се одмара на телото.

Некои недели се за соништа, сонување, солзи, насмевки и долго туширање. За правење колачи додека ја бараш станицата на радио со омилените песни. Некои недели се за дишење!!! ДИШИ!“. порача Спенџарска и додаде во друг статус:

„Во мене понекогаш живеат две личности: Една која сака да оди по планини, пустини, на сафари, да јаде полжави и да скока со падобран и друга која сака да гледа серии и да се ‘дави’ со помфрит во замрачена соба !

Денес среќа па сум првата“, напиша Јелена под среќната слика.

За емотивниот живот на водителката, и за тоа кој е автор на сите овие фотографии не е познато. Дали Јелена во моментов има дечко, и дали ѝ треба таа кажа во еден друг статус:

„Таа е едноставна! Не ти треба многу ! Шолја кафе, книга, сончев или уште подобро, дождлив ден, простор да дише
и некој кој ќе го сака!“

Популарната ТВ-водителка од „Канал 5“ и инфлуенсерка на социјалните мрежи, често знае да биде интересна за јавноста и за нејзините фанови.

Сите кои ја следат, воодушевени се од нејзините статуси, а дел од нив навлегуваат во сферата на филозофијата и психологијата. Многумина се пронаоѓаат во нив, и повеќето се согласуваат.

-Мислам дека татко ми од секогаш знаеше дека ќе бидам новинар…. Јас како мала сакав да бидам принцеза (сериозно) но тој ми велеше, -‘Не, таа “професија” не е за тебе, ти еден ден ќе бидеш новинар, ќе видиш.

„Така потсвесно израснав со таа помисла и кога дојде ред да се запишам на факултет, немаше дилема.

Од друга страна пак, нејзината колешка Бубе Јаневска е една од оние јавни личности што е активна на социјалните мрежи, но не преферира многу да објавува детали од своето секојдневие.

Сепак, понекогаш знае да направи исклучок и да објави нешто од приватноста.

За vipheart.mk таа зборуваше за својот карактер и за тоа кои особни ги сака, а кои не ги сака кај себе. „Емотивноста ме нервира кај себе, а и во одредени ситуации наивноста што во ова време-невреме им верувам на луѓето.

Иако, искреноста и чесноста се мои одлики, очекувам и другите да се такви, а за жал не се. Од карактерот мој…

Па, не знам како се вика таа особина ама не си поднесувам понекогаш што мислам дека можам сè сама“, рече Бубе.

На прашањето, во кои прилики најмногу лаже, таа даде интересен одговор во истото интервју:

„Кога порано мајка ми, а сега сопругот ќе прашаат: „Пак си купила нови чевли?“.

Одговорите се два, дека штиклите ми се стари, дури од лани или дека се многу пониска цена од реалната односно евтини, па греота е да не се купат. Па која жена не лаже за штикли?“

„Во деновите од викендот ги имам најубавите утра. Има ли нешто поубаво од гушкање со сопственото чедо, а ќерка ми Нела обожава наутро да се гали со мама.

Тогаш си ги правиме плановите како и каде ќе го минеме денот“, изјави Бубе во едно интервју.

Бубе и Јелена имаат сличен карактер, а сепак и двете се многу уникатни. Тие се сметаат за едни од најубавите и најзабавните водителки на македонските телевизии.

По социјалните мрежи често споделуваат фотографии заедно, а се дружат и во приватниот живот. Пред некоја вечер објавија слика на Инстаграм на службена (или приватна) вечера во една градска кафана.

Спенџарска често знае да ги насмее своите колеги со иновативните ,,филтери” на Инстаграм, а овојпат се пошегува на своја и на сметката на нејзините колеги.

Имено објави видео во кое таа позира како Шрек од аминираниот детски цртан ја прегрнува, а потоа ја сврте камерата кон Бубе која ,,паѓаше” oд смеа на ,,филтерот”, a на крај Шрек го ,,прегрна” и водителот Роберт Јанков.

Previous articleЌерката на Манчиќ има природна убавина, личи ли на мама? (ФОТО)
Next articleОд денес цените се одмрзнати, овие производи поскапеа, што ќе биде со цената на лебот, сега може да има влијание и кризата во Украина