Home Live Дац одблиску ја опиша нашата состојба: Добивме демократија, почнавме да полудуваме од...

Дац одблиску ја опиша нашата состојба: Добивме демократија, почнавме да полудуваме од таа демократија

Дац или Драган Спасов е еден од нашите најпознати актери, омилен кај публиката.

Во едно интервју, тој има изјавено дека татко му Стево, кога се запишувал на Факултетот за Драмски уметности му рекол убаво да се подготви за приемнииот испт, и да не го сp ами.

-Јас кога почнав со оваа работа мислев дека само во филмови ќе глумам. Такво чувство имав, но ме излажа зашто тука слабо се снимаат филмови“, рече во едно интервју познатиот актер Драган Спасов- Дац..

-Од друга страна, не бев дел од тие филмови коишто се снимаа тогаш. Но, правиот контакт со публиката е театарот – тука нема збор. Во театарот ја чувствуваш публиката, па дури и имаш трема при првата изведба, односно на премиерата..

На филмот пак, јас отидов да ја гледам премиерата. Малку различно е. Како е снимено во филмот не зависи од тебе, како е монтирано, исто така не зависи од тебе.

Може и воопшто да те нема во филмот, ако не му требаш на режисерот. Така што, филмот е комплетна друга работа од театорот“; изјави Дац за редакцијата на „Медиум“.

Како што е познато тој е сега актуелен како дел од дуото Александар и Дац и имаат снимено повеќе убави песни со колегата Александар Митевски.

Она што забележувам во последно време е дека одат многу поретко во театар. Јас кога бев млад колку вас, јас одев, но и воопшто се одеше многу во театар. Таа генерација одеше и беше преполно.

Сега оваа генерација што треба да оди е повеќе на интернет и излегува подоцна, а во мое време по претставата немаше ни каде да се оди, зашто по десет часот ништо не работеше.

Сега па е обратно – сѐ почнува да работи по десет часот. Немам претстава зошто не доаѓаат во театар. Дури и некои луѓе кои порано оделе во театар, сега ми кажуваат дека не се ни сеќаваат кога за последен пат биле.

Мислам дека премногу се седи на Фејсбук, Инстаграм и сѐ останато. Порано имаше многу повеќе движење. Јас не бев прибран дома, бев цело време по улица. Не дека „лутав“ и правев гл упости, туку играв кошарка, школица, сервис, не е важно – сѐ игравме.

Постојано возевме со нашите велосипеди. Дома се прибиравме само кога ни се јадеше и нормално, кога моравме да учиме. Арно ама, голем дел од младите само со телефоните седат.

Прво нема муабет, цело време се со телефончето и само зјапаат во него. Второ, цело време се седи дома и со часови се губи време“, изјави Дац во истото интервју. Неговата мајка е познатата поетеса Лидија Јеремиќ-Лучко.

Таа има издадено повеќе поетски дела. Лидија неодамна прослави роденден, и многу пријатели ѝ честитаа на Фејсбук. Меѓу нив е и нејзиниот син Драган Спасов- Дац, кој објави слика од него и од мајка си, кога бил дете. Дац на Фејсбук од блиску ја опиша состојабата во нашето општество и кона што ни се случувало:

– Не беше мој избор, но… Се погодив во една “глупава” генерација, на која и се случија скоро сите добри, но и лоши работи кои можат да се случат во еден живот. Нели, обично се паметат само лошите работи, добрите поминуваат онака, “дека така требало”.

И, сега не знам од кај да почнам… Се родив во земја во која само пред 18ет години пред да се родам, беше завршена втората светска војна, се родив во годината на Скопскиот земјотрес, (имав три месеци) живеев безгрижно во обновата на земјата и обновата на мојот град. Се колнев во една идеја и бев горд на мојата земја, и држава.

Ја слушав најубава музика на светот, на која сите ни завидуваа. Учев на најдобриот факултет со најдобрите професори… Македонскиот театар беше “страв и трепет” за сите! Се случи Чернобил.

Се случи распад на мојата држава…. Се случија во јни во мојата држава… Гинеа луѓе… Во јна во која не се знаеше кој на кого пука.

Добивме наша мала, но убава земја во која може и треба убаво да се живее. Добивме демократија… Почнавме да полудуваме од таа демократија. Омр азата стана приоритет, на страна на љубовта… А сега…

Се спрема трета светска вој на… Не дај Боже. Да ти е… животот!

Previous articleВладо Јаневски раскажа за својата животна пресвртница, овој момент му го применил животот засекогаш
Next articleСите зборуваат за раскинувањето на Анастасија со Ѓорѓе, а еве како таа го откачи својот претходен дечко- историјата се повторува