Home Live Денис Космонаутко се јави од своето прибежиште, покажа каде го наоѓа мирот...

Денис Космонаутко се јави од своето прибежиште, покажа каде го наоѓа мирот (ФОТО)

Денис Јанкуловски од Скопје, или многу попознат како Денис Космонаутко, стана особено актуелен на социјалните мрежи, во изминатата годинаипол, додека трае пандемиската криза.

Тој беше еден од оние кои одеа во домовите на лицата суспектни на корона вирус и им земаше брисеви за дијагностицирање на вирусот.

Денис потоа, продолжи да работи во салата „Борис Трајковски“, во делот на имунизацијата, а многу видни личности, функционери, новинари и актери, се пофалија дека токму космонаутко им ја дал дозата.

Денис ќе остане запаметен по тоа што, речиси секое утро, со своите пријатели на социјалните мрежи, го споделуваше своето утринско пеење, препејување на хитови од поранешните ЈУ простори.

– Трае….трае…и трае. Трае предолго, очекувавме кратко, верувавме и се надевавме дека брзо ќе заврши, за месец два, ај еве три. До јуни (ланскиот, да не се разбереме погрешно) и – толку.

20 месеци…речиси две години, кој би рекол“, напиша неодамна Фејсбук познатиот Денис Јанкуловски, медицинско лице од Центарот за јавно здравје, познат како Денис Космонаутко.

– Една реченица со која често се среќавам во разговори со луѓе кај што имам земано брисеви е “ќе пол-удам, мислам дека сум на крај со нервите”.

Многу моменти придонесуваат за ова, изол-ациите, кара-нтините, долгомесечните неизлегувања од дома, негледањата со своите најблиски но и со роднините и пријателите, моно-тонијата.

Однеси потребни намирници и остави ги пред врата со болка во срцето што не можеш да влезеш и да гушнеш. Бол+ка до коска….

Недостатокот од поздравување, гушкање, чувството на топла прегратка која дава сигурност и блискост, која е човечка карактеристика и едно од најубавите животни секојдневија.

Недостатокот од визуелен момент со родителите/децата/внуците/љубовта на животот кој обезбедува топлина во срцето и енергија за денот, кој е грб во ветерот за полесно минување на тешките моменти.

Недостатокот во најтешките моменти на за-губа на некој близок да ја споделиш болката со некој до тебе, самотијата во последното испраќање заради ете протоколи, правила и најмногу заради сечија безбедност.

Она што дополнително отежнува или што би рекле “како сол на рана” а што за мене претставува мноооогу големо оптеретување за сите е тоа она што јас го нарекувам “бескраен кружен тек”.

На пример имаат близок контак со некој позитивен, чекаат неколку дена за појавување на симптоми, стрепат, во грч прават тест – негативен. Супер.

Но веќе во наредните неколку минути повторно влегуваат во шемата наречена “внимавај, носи маска, дезинфицирај се, немој блиску, чувај се” ииииии – пак некој сомнителен контакт, пак истиот круг – симптоми, стрепење, ев тест. И така во круг.

Но тоа всушност е и единствениот начин да се дочуваме и тоа трае…..и трае….и трае. Затоа сметам дека после оваа кр-иза многу работа ќе имаат психи-јатрите, психолозите и сите стручни лица кај кои можеме да се обратиме за да ни помогнат да ги пребродиме тешкотиите со кои секојдневно се соочуваме и кои секојдневно ги складираме.

Нешто што американците го викаат посттрауматски синдром, овде можеме да го наречеме посткор-онски синдром.

Ќе треба многу муабети, разговори, саати па и денови, може и месеци што апсолутно не е страшно, напротив, баш е потребно и добредојдено, не треба ниту страв ниту срам за да им се обратиме, затоа се тие тука. А тие знаат што треба да направат. Личи на бескрај, но се’ има свој крај. Долго е, но ќе заврши. Јас сакам да можам да речам уште утре.

Најбитно е сите вие и понатаму да се чувате, да внимавате, да ги сочуваме тие со и околу нас и што побрзо да се видиме во живо, да се насмееме, со дооооолги прегратки, со физичко присуство. Онака како што треба како што сакаме, како што личи. Како што е нормално.

И нема да полу-диме, тоа знам. Затоа си пееме, си се смееме, па макар и онлајн нека е. Тука сме, на број сме. Живи и здрави. И уште еднаш: Чувајте ми се за Гуш и Бац во живо. Ваш Космонаутко“, објави Денис. Тој во една прилика раскажа за својота сопруга, Билјана:

– Сум романтичен, дополнително и Билјана ме прави таков. Сакам да ја изненадам со цвеќе, со некој подарок кој воопшто не мора да е скап или голем, битен е гестот, вниманието.

И да, често и` ѝ изјавувам љубов затоа што тоа го заслужува, затоа што сметам дека не треба да се губи време за изјава, да се чува таа прекрасна изјава за некои подобри времиња бидејќи додека ја чуваме и штедиме животот минува, а некои прилики не се враќаат. Затоа што почесто да изјавуваме „Те сакам“. Не боли од многу“. кажување.

Денис во својот нов пост објави каде тој го наоѓа своето прибежиште, всушност каде ги наоѓа своите мир и тишина и каде ја одмара душата, а напиша вака:

– Од “Дневникот на Космонаутко” или “Водно, моето прибежиште, полнење батерии” или “Vodno, my sanctuery”. Уште од мали нозе со татко ми и со другарите речиси секој викенд кога дозволуваа временските услови одевме на Водно, многу убава навика.

Почнувавме откај кулите Расадник, нагоре низ куќите покрај Вардар филм и така се до Средно, првата пауза за сендвич, овошје или што и да имав во ранчето. А после до Врв на незаменлив и незаборавен планински чај, мада и во хотелот на Средно е прекрасен, сепак друго е доживувањето горе.

Секој има свое прибежиште. Откако почна коро нава има една точка на пат кон Средно каде одвреме навреме свраќам. Застанувам, дишам и вдишувам колку толку почист воздух, седам кратко, уживам во погледот, во пространоста и ширината. Да, погледот не е секогаш ист и прекрасен но е доволен.

Седам некоја минута, тамам толку ми треба за да го складирам веќе поминатото и да се ресетирам за следна домашна посета. Без збор со втренчен поглед мантрам гледајќи го Скопје од сите страни. Водно……“

Previous articleОва е мајката на Цеца, објавена слика од нивниот дом во родното село (ФОТО)
Next articleЗоки Фаци и Спасе од Сител играаат во облеката на Лила, нема појако (ВИДЕО)