Home Live Клинчарова: Можеби некому заштеда од 500, 1.000 или 2.000 денари не им...

Клинчарова: Можеби некому заштеда од 500, 1.000 или 2.000 денари не им се ништо, ама помеѓу нас има луѓе кои го минуваат месецот со преброени пари

Веќе четврти ден трае зголемената потрошувачка на основните прехрамбени продукти во маркетите, иако утрово, прв ден од укинувањето на мерката за замрзнување на цените и воведување на ограничени маржи на основните прехранбени произвони, нема нивно драстично поскапување.

Во одредени маркети има сѐ уште празни рафтови, но нема голем недостиг на производи. Најмногу се празнат рафтовите на кои стојат масло за јадење, брашно и тестенини. Екипа на „Нова Македонија“ направи обиколка во неколку маркети, при што разговараше со купувачите и со продавачите.

Баба Нада утрово тргнала по брашно и шеќер, но во најблискиот маркет каде што пазари наишла само на празни рафтови, пишува Нова Македонија. Инаку, министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека нема покачување на цената на лебот, објави Нова ТВ.

Бектеши информираше дека од денеска почнува да се применува мерката за ограничени маржи кво трговијата на големо и мало, почнувајќи од производството па се до крајниот потрошувач.

„Од утрово постојано сме на терен. Констатиравме дека во најголем дел од маркетите цената на белиот леб и натаму се движи помеѓу 25 и 27 денари и не е забележано покачување на лебот“, вели Бектеши. Изјавата доаѓа по најавите на дел од производителите дека цената на лебот од денеска ќе се покачи за пет денари.

Со најновата одлука на Владата, која стапува на сила денеска, се определува највисоката трговска маржа и тоа до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало. Листата на прехранбени продукти е проширена со овошје и зеленчук.

Цените на некои различни видови на леб од денеска се поскапи од 4 до 6 денари. Тоа значи дека, во просек, поскапувањето се движи околу 10 – 15 отсто“, објави Скопско ехо.

Во трговските маркети продавачите ни зборуваа дека од денес изутрина добиле долги листи на цени на производи кои ќе треба да се коригираат во текот на денот.

Можеше и да се види дека на рафтовите во некои продавници се уште нема вооопшто или има сосема мали количества на брашно и на масло за јадење. Се било испразнето претходните денови кога цените беа пониски.

-Влегов во маркетот за да видам до каде се стигнати новите цените. Не купував ништо, прокоментирал еден скопјанец, додавајќи дека е загрижен до каде цените би можеле да одат.

Во некои маркети имаше масло за јадење и брашно, а во некои не, и очекуваа да добијат. По која цена, ќе се види наскоро. Граѓаните преку социјалните мрежи бараат поголема совесност и од трговците и од производителите:

-Навистина е криза, се гледа дека растат цените во цела Европа, но нашите трговци и производители не треба тоа да го злоупотребуваат и цените да ги дуваат премногу, е еден од коментарите, вели понатаму Скопско ехо.

Новинарката Вики Клинчарова реагираше на оние кои им се потсмеваат на луѓето кои прават залихи на храна по маркетите и се огласи на својот Фејсбук профил по тој повод на овој начин:

– Колку навредливи и коментари со потсмев читам за луѓето кои деновиве купуваа резерви од брашно, зејтин, тестенини…

Ако убаво погледневте во редиците во маркетите, оние со полни колички залихи беа најчесто пензионери или работнички семејства кои преживуваат со минималец…

Не се тоа затупени луѓе кои веруваат дека ако Путин не гран атира ќе можат со брашното да прават гибаници, туку напатен народ кој пред најавеното поскапување од денес, се обидува да заштеди.

Можеби некому заштеда од 500, 1.000 или 2.000 денари не им се ништо, ама помеѓу нас има луѓе кои го минуваат месецот со преброени пари. Намалете со терањето мајтап и со таа еманципираноста, аман веќе!

Previous articleПосле најавите за низа поскапувања, една добра вест – оваа уcлуга ќе ја плаќаме поевтино
Next articleАца Лукас сака на Евровизија и поставува услови како најголема ѕвезда