Ламбе Алабаковски, во 2013 година се ожени со неговата девојка Магдалена, македонка од САД. Набрзо потоа, Ламбе со Магдалена се пресели на Флорида, но никогаш не го заборави родниот крај, особено неговото село Љубојно во Преспа.
Додека живееше во Македонија, Ламбе освен пеењеето имаше и семеен бизнис. Како и повеќето семејства од преспанскиот крај, и неговото се занимаваше со берба и со продажба на јаболка, и овој бизнис се’ уште одлично им оди.
Кон крајот на април минатата година година, македонскиот пејач стана татко по втор пат на синчето Димитриј, додека првиот син, Михаил се роди токму на роденденот на Ламбе, на 16 ноември во 2014 година.
Пред да се пресели во Америка, Ламбе со семејството живееше во Битола. Музички беше послабо активен. Во времето кога живееше во Битола, се занимаваше со фамилијарениот бизнис, продажбата на јаболката од семејниот имот.
– Навистина е радосно и истовремено одговорно да се биде родител, една благородна улога во животот. Тие се разлика пет години, па сега Михаил бара големи играчки, а Димитриј се’ уште не буди во ноќта за млеко.
Моментално имам своја мала компанија за транспорт. Тука се се работи и нема застанување. Со музика се занимавам само приватно дома и со пријателите.
Го завршив и факултетот, кој многу ми помага, но сепак подобро е да си свој газда на сопственото време и со своја фирма.
Тука се’ има, но само слободно време не. Мојата сопруга како и повеќето работи од дома, прво како добра домаќинка и мајка, па професионално со нејзината професија како медицински кодер на софтвер или како ли се вика по наше!
Ергенскиот живот не ми недостасува, но естрадата- да. Ми недостига, но сега сум со други приоритети во животот а музиката е во мене, таа не ми фали.
Таа е како дар од Бога, а подоцна кога ќе се посветам на некој проект би и се вратил на сцената, како одолжување кон својата публика, која верувам созрева како и мене низ животот.
Да не звучи клише но мојата сопруга ја љубам секој ден се повеќе а верувам и таа мене. Децата го зацврстуваат бракот и заедно ги поминуваме сите искушенија и проблеми кои ги носи животот“, изјави Ламбе на крајот од минатата година во интервју за ММС.
Во овој период сите медиуми пишуваат дека Ламбе Алабаковски, нашиот познат пејач се вратил од Америка и сега е со својата фамилија во Битола. Ламбе инаку долги години живеел во Детроид и се занимавал со транспорт.
– Многумина ме прашуваат за музиката и мојата кариера, ќе кажам само дека сето тоа е ставено во мирување но не е сосема напуштено, ние сме фамилјарно и сега опкружени со песна! Веќе петта година сме со мојата сопруга Магдалена во САД, тука живееме.
Да поправам некои дезинформации дека не живееме во Флорида, ние сме во Детроит. Мои добри пријатели живеат во Флорида па ние често сме таму како и на топлите краишта од овој континент и претпоставувам дека сте помислиле живееме таму по објавените фотографии.
Ламбе стана многу познат по неговите хитови кои и ден денес се пејат, а во 2004 година победи на големиот M2 Play Проект потрага по ѕвезда.
Деновиве го видовме и на концертот во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски кој се одржа во Битола. Ламбе за Бејстејџ откри дека пред концертот што се одржа во Битола тој се сретнал со каролина и ја прашал дали има некои замерки во неговото пеење бидејќи не настапувал на сцена речиси 6 години.
Каролина само му одмерила и му рекла: ,,Пеењето е како возење точак”, не се заборава. Потоа Ламбе откри дека сега срцето му е на место и тоа припаѓа во Битола.
Ламбе, кој со години живееше во САД, минатата година со семејството, односно сопругата Магдалена и синовите Михаил и Димитриј, одлучи да се врати дома во Македонија и повторно да почне да се занимава со музика.
Која е причината за ненајденото враќање на Ламбе во Македонија, откри и тој самиот:
– Животот донесе такви одлуки, немаше некоја посебна причина за враќањето во Македонија, едноставно морав тој период да го поминам во Америка.
-Убаво ми дојде промената, имав време да се посветам на фамилијата и дечињата, а сега планирам да сработам некои нови песни, а имам голема желба да снимам и некои преработки.
Целото интервју можете да го погледнете во видеото ОВДЕ.