Во една прилика, порталот Глобално.мк поразговара со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, едне од најпознатите македонски бизнисмени. Тој е задоволен од динамиката со кои ги реализира проектите во неговата општина.
– Не би можел да издвојам само еден проект. Сите реализирани проекти видливо го променија ликот на Кавадарци и секој проект има свој придонес и бенефит за Кавадарци. Велосипедско –пешачката патека од с.Ваташа до Моклиште е завршена веќе е редовна дестинација не само за викенд туку и секој ден во неделата на голем број на граѓани.
Доградбите на занимални и адаптацијата на нови простории за детската градинка Рада Поцева исто така го решија големиот проблем со згрижување на деца.
Имаме во функција нов скејт – парк, реконстуиран Градски парк и реконструирани голем број на улици како во градското подрачје така и во периферијата. Ова се само дел од многуте реализирани проекти“, рече Јанчев.
– Многу тешко е тоа да се постигне во Македонија, се игра на национална карта и база за да се добијат гласови. Тоа е многу чувствтелна категорија, но мислам дека политиката не треба да се потпира на таа база. Политиката треба да се базира на подобра економија, социјална политика, подобри услови за живот…
Секој што игра на национална база, во моментот, верувам дека би добил повеќе, но на долгорочни патеки тоа е погубно, и за народот, и за политичка партија, или за било кој лидер“, додаде тој во едно претходно и интервју за Фактор.
-Амбиции, секој нормален човек треба да си има до нормална граница, и да види до каде е изградено и што може да стори за државата. Како единка, како човек, знам дека сум способен, и знам што можам да сработам. Но, без тим и без добри луѓе околу тебе, или без концепт, тоа не е можно.
Така да, оставаме на времето. Јас пред се, би сакал во Кавадарци да си ги довршам проектите“ додаде тој во истото интервју. Неодамна, Јанчев на Фејсбук објави дел од неговите нови проекти и напиша:
– Денес се асфалтира ул. Зелен пазар, на површина од 1200 м/2. Тоа значи дека за првпат куќите кои се лоцирани на таа улица, ќе добијат пристап со нивните возила, а сообраќајницата ќе биде двосмерна заради влез и излез на паркингот на пазарот.
Со оваа сообраќајница ќе постои и кружно движење на сообраќај со ул.Цано Поп Ристов, Зелен пазар и 7-ми Септември, со што движењето во градот нема да биде отежнато како што беше досега. Со асфалтирање на оваа улица и монтирањето на тезгите, пазарот би бил пуштен во употреба за неполн месец. Со љубов за Кавадарци“.
– Целата ситуација, не само кај нас, туку и во целиот свет, влијае на сите. Можеби тоа е причината за слабата излезност. Веќе сме изморени од неизвесноста и рестрикциите со кои живееме подолг период.
Слабиот одзив е резултат на оние политики што подолг период се промовираат од нашето раководство. Како што реков, што побргу имаме потреба од нови правци, кои ќе опфатат широко поле.
Идеите и политиките треба да ги извадиме од затворениот круг, кој нѐ ограничува, треба раководството да изгради нов пат по кој ќе се движи, сѐ со цел да повлече со себе приврзаници што имаат да понудат нешто ново, со нови размислувања.
Голема количина на претерана фокусираност само кон една точка оневозможува да се согледаат работите околу нас. Поинаку ја замислувам иднината на нашата земја, различни се моите начини на работа и на поставување приоритети.
Партијата треба да оди напред, сега е потребно повеќе од кога било да се случат промени внатре во самата партија. Не сум човек што може безволно да функционира на некој начин“, рече Јанчев во Слободен печат.
Инаку, голема поддршка на Митко ЈАнчев е неговата сопруга Веселка и имаат три деца. Кога таа прослави роденден, Јанчев ѝ напиша емотивна честитка:
Убавите моменти во животот се паметат засекогаш“, вака ја започна својата честитка градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев по повод 38 роденден на својата сопруга Веселка.
На својот официјален профил на Фејсбук Јанчев сподели две фотографии од прославата. „Убавите моменти во животот се паметат засекогаш. Градоначалникот Митко Јанчев заедно со семејството го прославуваат 38 от роденден на сопругата г-ѓа Веселка Јанчева“, пишуваше под сликата.
Во својата најнова слика на Фејсбук, Јанчев е сликан со сопругата Веселка и со нивните три деца. Поводот е специјален. Имено, првата гордост на Митко и на Веселка, синот Никола го прославил својот 18-ти роденден. По тој повод, Јанчев објавил слика од прославата на роденденот на синот и напишал:
– Најголема радост за еден родител е да биде сведок на безгрижното детство на своите деца, палавото тинејџерство а потоа и влегувањето во светот на возрасните. Денес е голем ден за семејството Јанчеви. Првородениот син Никола денес слави полнолетство.
Гордост е да му го покажеш вистинскиот пат на своите деца , гордост е да гледаш како неуморно сакаат да учат од родителите. Среќен 18 ти роденден Никола.“, стои до семјената слика од Јанчеви.