Home Live Пак се споија Елена и Ламбе, Ламбе ѝ дал комплимент што нема...

Пак се споија Елена и Ламбе, Ламбе ѝ дал комплимент што нема да го заборави

Во овој период сите медиуми пишуваат дека Ламбе Алабаковски, нашиот познат пејач се вратил од Америка и сега е со својата фамилија во Битола. Ламбе инаку долги години живеел во Детроид и се занимавал со транспорт.

– Многумина ме прашуваат за музиката и мојата кариера, ќе кажам само дека сето тоа е ставено во мирување но не е сосема напуштено, ние сме фамилјарно и сега опкружени со песна! Веќе петта година сме со мојата сопруга Магдалена во САД, тука живееме.

Да поправам некои дезинформации дека не живееме во Флорида, ние сме во Детроит. Мои добри пријатели живеат во Флорида па ние често сме таму како и на топлите краишта од овој континент и претпоставувам дека сте помислиле живееме таму по објавените фотографии.

Работам како транспорт оператор со своја мала фирма, а сопругата е прво добра и грижлива мајка а во слободно време се занимава со нејзината професија како медицински кодер на софтвер. Многу ми помогнаа нејзините на самиот почеток тука да се навикнам на промените.

Можам слободно да кажам едно дека можеби сум овде физички присутен но срцето и душата ми се во Македонија!“, рекол Ламбе во едно интервју во Женски магазин претходно за неговиот живот преку барата и додал:

– Тука луѓето навистина немаат време и многу работат. Можеби сега со пандемијата повеќето работат од дома па фала му на Бога ете им можност да се со ближните почесто, инаку не е така! Стекнав нови познанства и пријатели и многу научив од престојот тука.

Во оваа земја живеат буквално луѓе од целиот свет па има што да се види и да се научи, различностите се ценат и се почитуваат. Многу е поразлично од кај нас и од Балканот, но би сакал и така различно да остане бидејќи тоа е и убавината во различниот менталитет и во културите.“

А Елена Ристеска пак, за првпат се појави на музичката сцена на музичкото шоу – „Плеј – Потрага по ѕвезди“, на кое и победи, и сега слави 20 години кариера. Oтогаш започнува нејзиниот музички пат и кариера во Македонија.

Таа го снимаше својот деби сингл „Она другото“ , а потоа го снима и својот прв албум насловен како „Ден и ноќ“, објави И портал. Неодамна Елена музичката кариера ја стави во втор план поради нов бизнис и лансираше свој парфем. Елена неодамна се сето на своите почетоци на Инстаграм:

-Од 22.12.2002год. поминаа точно 18 години откако победив на аудицијата на М2 продукција. 18 години музичка кариера, полни со љубов, аплаузи, почит, коментари, победи , порази, музика,музика,музика.. а од скоро и козметика. Вредеше поради вас обожаватели мои. И секако сите мои соработници и поддржувачи.

Благодарам на Иво Јанкоски и Дарко Димитров што веруваа во мене и ми го покажаа вистинскиот пат до успесите. Најголемо благодарам на моето семејство за безусловната љубов и неизмерната поддршка.ВЕ САКАМ“, напиша Елена на Инстаграм.

Елена Ристеска иако важи за една од најголемите македонски поп ѕвезди последниве години, евидентно е дека се’ помалку се занимава со музика.

Поминаа повеќе од пет години откако нејзиниот последен албум „Без шминка“ се појави, и оттогаш пејачката само повремено и спорадично се појавува на некој настап, или ја има во медиумите заради нејзините песни и музиката воопшто, напиша Вистина во една прилика.

– Се надевам дека ќе се најде излез од оваа слепа улица. Сепак стравот за иднината кај сите музичари беше силен за време на карантинот, но веројатно подобро платените пејачи не видоа преголем страв кога почна короната, затоа што имаме некоја заштедена сигурност.

Она на кое не помислив е дека вложувањето во козметиката ќе се поклопи со ситуацијата со короната и карантините, па затоа почувствував страв од предвидувањата на поединци за ситуацијата со вирусот, дека уште долго ќе потрае.

Сепак, вистина е дека луѓето, во вакви вонредни услови, на последно место ќе инвестираат во луксуз – како што јас ја класифицирам музиката.

Повеќе ќе вложат во храна и понеопходни работи, отколку во карта за концерт. Но, мислам дека полека нештата си доаѓаат во нормала. И да не се вратат во нормала , сигурно постои некое решение и за нас музичарите и нашата иднина“, изјави Елена во едно интервју за Црно бело.

Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски се видоа за првпат по седум години и евоцираа спомени од нивните почетоци на естрадата и времето во кое како што раскажаа биле како брат и сестра.

Се споија во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре која ќе се емитува оваа недела на Канал 5, во 18.30 часот, и со многу емоции испејаа дел од нивните најголеми хитови“, објави Женбски магазин. Она што Ламбе ѝ го кажал на Елена како комплимент по толку години е : Убава си, не се давај!

Пејачите објавиле стори на Инста дека заедно пееле во емисијата и по она што се гледа дека Елена изгледа топ, впрочем како и секогаш, а и Ламбе не се променил многу од времето кога почесто пееше на настапи.

Previous articleПолковник Демирај: Ова е големата грешка на „царот“ Путин – ќе доживее пораз
Next articleМитко Јанчев објави ретка семејна слика со трите деца, има посебен повод за тоа (ФОТО)