Home News Полковник Демирај: Ова е големата грешка на „царот“ Путин – ќе доживее...

Полковник Демирај: Ова е големата грешка на „царот“ Путин – ќе доживее пораз

Политиката на Владимир Владимировиќ кон Украина е осудена речиси од целиот здраворазумен Свет. Путин полека но сигурно ја загуби поддршката дури и од луѓето кои се сметаа за негови блиски.

На неговиот неразумен потег со Украина, зборови за несогласување и осуда имаа дури и во минатото неговите блиски колеги од Турција и Унгарија, Ердоган и Орбан.

„Путин и неговите подредени очигледно ги заборавија лекциите научени од историјата, кога големите армии многу успешно потфрлија против помалите сили.“ – вели полковникот Дритан Демирај, поранешен командант на специјалните сили – ком андоси на армијата на Албанија.

Демирај кој е и професор по безбедност, во својата опширна воено-политичка анализа за случувањата во Украина, која информативниот портал „ин7“ и повеќе други медиуми на албански јазик во Македонија и на Балканот ја објавуваат под наслов „Руска окупација – почеток на герилска в ојна. Се ближи ли крајот на водството на ‘царот’ Путин?“

Покрај другото, Демирај пишува: „На 4 февруари 2016 година Владимир Путин во делириум ќе каже: ‘Да сакам, за два дена руските сили би можеле да одат не само во Киев, туку и во Рига, Вилнус, Талин, Варшава и Букурешт.’

Токму оваа изјава јасно ги покажува амбициите на Путин да го прошири своето влијание не само во Украина, туку како и во Летонија, Литванија, Латвија, Полска, Романија, како и во нордиските земји Шведска и Финска. Дури, тој им се закани на Шведска и Финска пред два дена. Тука јасно го гледаме неговиот диктаторски и криминален менталитет.“

„Последните настани покажуваат дека визијата на Путин за иднината на светот е разјаснува со едно однесување на поделби, со употреба на сила и дипломатски интриги, дезинформации на јавноста, прикриени напади, нерегуларно во јување, тр уења и ув ивања на неговите политички противници и сл. кои ја демонстрираат неговата стратегија за возобновување на Русија како светска сила.

По неуспехот на конфликтот во Украина Путин нема да има можност да ја спроведе таа стратегија.“

„Путин ја гледаше Источна Европа во блиска иднина под контрола на Москва и интегрирана во руската сфера на културно, економско и политичко влијание.

На ист начин се обидува со сите средства да ја направи Западна Европа зависна од руската енергија. Значи, користи изолационистичка политика и антиамериканска политика.

Тој сега треба да се соочи со изолација од западниот свет, со страшни економски санкции, со лични санкции против него и против Лавров, ‘царот’ на руската дипломатија.“

„Владимир Путин треба да се соочи и со Меѓународниот трибунал поради окупација на независна земја, ув ис тва и ма c аkpи на цивили, уништување многу градови, со аг ресивна герилска во јна против неговата во јска, со инфлација и внатрешни немири на населението во неговата земја.“

„Последната грешка на Путин во инвазијата на Украина може да биде негов политички крај.“ – тврди Демирај во заклучниот дел на својата анализа која ја пренесуваат порталите in7.tv и Експрес.мк

Фото: Ју туб принтскрин

Previous articleОд денес цените се одмрзнати, овие производи поскапеа, што ќе биде со цената на лебот, сега може да има влијание и кризата во Украина
Next articleПак се споија Елена и Ламбе, Ламбе ѝ дал комплимент што нема да го заборави