Изминатиот викенд, рафтовите во маркетите се испразнија, поради најавите за низа поскапувања на прозиводите чии цени веа претходно замрзнати.
Денес пак, на социјалните мрежи, многумина коментираат дека празните полици можеби се должат и на тактика на трговците, кои ја повлекле дел од робата?
Денес престанува да важи претходната одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи што беше донесена на 5. декември минатата година.
Тогаш цените на основните прехранбени производи беа замрзнати со цената што ја имале на 1 декември 2021 година.
Првично беа замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашно – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата. Потоа одлуката беше проширена и за оризот, јајцата и тестенините.
Од друга страна, од денес на сила е мерката за замрзнување на маржите на 5 отсто за трговците на големо и 10 отсто во трговијата на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.
Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици.
После сите најави за поскапувања, конечно е дна добра вест за жителите на Скопје.
На седница на Управниот одбор на претпријатието претходно беше донесена одлука за намалување на цените во зоните на паркирање во градот, што денеска беше изгласана од советниците на Град Скопје.
Со оваа Одлука за измена на Ценовникот на услуги на јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните и тоа зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 се намалува на 30 денари, во зона Ц и Д, се намалува на 25 денари.
Цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час.