Home Live Сашко Коцев има причини за славење: двоен јубилеј на приватен и професионален...

Сашко Коцев има причини за славење: двоен јубилеј на приватен и професионален план

Сашко Коцев без сомнение важи за еден од најдобрите македонски актери кој знае секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвен да зборува.

За Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален палн, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.

– Во колку станувате вие бе. Во колку станувате за да бидете орни за работа?“, праша Сашко Коцев во емиисијата Утринска на Телма каде што гостуваше и разговараше со новинарот Горан Петрески.

– Стално се прашувам, и сега се прашувам, у колку станува оној што се јавува во утринска програма. Демек и он имал нешто да каже во 6 ипол-седум сабајле. Тој не е ни легнат“, рече Коцев во емисијата. Потоа, новинарот го праша како жовее периодот, а Коцев рече:

-Периодов. Одличен период. Седиш дома и чекаш. Чекајќи го Годо. Чекаме да помине пандемија, да нешто работиме. Детето сабајле го носам во градинка, малце возам. Од Кисела вода до Капиштец, околу 50 минути, и 50 назад, мене денот ми исполнет. Толку. Утрата во возење ми поминуваат.

Чекаме нешто да помине, што да помине?“, рече Сашко. Потоа рече дека тој е вакциниран, но не го прележал вирусот. „Избегавам контакти. Ова е една од ретките емисии кај што сум дошол.

Тука профатив и една сме помалце луѓе, само камерманот и јас и вие, а инаку шоуа оние што се со многу публика, гледам да избегнувам. Сите протоколи ги пратам.

Главно со што се занимаваме? Се прати како спортска прогноза на телетекст што гледаме. Ние бројки. Денеска волку заразени, утре толку. Утре ќе видиш вака ќе биде, и докторат дома спремаш на тема Ко-виц.

Значи, ако си вакциниран, антителата ти се волку. Значи дека можеш да се вакцинираш, значи тоа е тригонометрија…. И после му викаш на некој: Прележан ми си?

Ама кога си прележан? Можеш да дојдеш на гости, го зимаш дома на мезе, го тестираш на врата. Вакциниран си значи добро, колку поминало? Колку ти се антителата? Е со тоа се бавиме. И маската. Колку веќе. Уште малце две години. Тоа е…“, рече познатиот актер.

Потоа Коцев раскажа дека снимал филм во Словенија, а снимањето завршило пред неколку дена. Се снимало околу 40 дена и имало една мала пауза затоа што дел од екипата биле позитивни. „За живо чудо првпат снимам долгометражен филм, комедија.

Една класична комедија жанровски, по урнек на фарнцуските комедии, така нешто додека го пишувавме заедно. Јас зборувам на македонски и српски“, рече Сашко и потоа додаде дека еден познат стендап комичар и ТВ лице му се јавил да го покани да го снима филмот затоа што него го замислил додека го пишувале.

Потоа, тој заедно со колегата го доправил сценариото, сега е косценарист.

-Тоа е филм за последната шанса на човекот која му се пружа во животот, и првата шанса која му се пружа на човек во животот. Да ја искористиме последната и првата шанса. Голем предизвик беше за мене зашто играм два ликови.

Во едно неодамнешно интервју за „Бекстејџ“, Коцев вели дека е доста самокритичен и дека за некои работи не очекува награди, па кога ќе ја добие е пријатно изненаден.

„Веднаш е чувство на една одговорност и пред публиката, екипата и пред колегите дека си добил толку и толку награди и тоа треба да го оправдаш“ вели актерот.

Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи.

Како што е познато актерот Сашко Коцев веќе една деценија е во брак со сопругата Смиљана, а неодамна имаше убав повод за радување и славење.

Докторката Смиљана Бундовска – Коцев ја одбранила својата докторска дисертација на Медицинскиот факултет во Скопје и станала доктор на медицински науки – клиничка медицина.

Сашко Коцев често знае да се огласи на социјалните мрежи и во свој стил да каже она што го мисли, кратко и јасно. Така беше и овојпат кога на својот профил на фејсбуку се пофали со двоен јубилеј, на приватен и на професионален план:

Мојата прва Златна бумамара ,2006 год. А, на истиов датум (23.02) 2012 год земав, па се оженив.

Previous articleНаум Петрески за песната на Цеца рече дека е ,,безвезе” и запеа стара македонска песна
Next articleПроф. Трајковски: Од каде се толку сигурни Русите дека ќе успеат да „превоспитаат“, десетици милиони Украинци по свој терк?