Home Live Владо Јаневски раскажа за својата животна пресвртница, овој момент му го применил...

Владо Јаневски раскажа за својата животна пресвртница, овој момент му го применил животот засекогаш

Тој во повеќе интервјуа изјави дека генерално слабо се дружи со луѓе, научил да му биде забавно сам со себе, а неговата куќа ја вика тврдина. Јаневски е познат по тоа што пишува најубави љубовни стихови.

За своите песни, тој вели дека се автобиграфски и секоја од нив има некоја своја приказна. Новата песна на Владо се вика „Ненормален“, е беше промовирана на радио „Бубамара“ пред неколку дена.

Во интервју за Опсервер.мк Јаневски сподели една интересна мисла. Имено, тој откри дека веќе не му е престиж да го сакаат надвор од Македонија. „Да ме прашавте пред 10 години ќе ви кажев дека тоа е да ме сакаат во Белград, во Загреб, во Љубљана, да правам 50 концерти годишно наместо пет.

Но денес, не. Сега ми е доволно само да се разбудам наутро и да помине уште еден ден, а од утре ќе размислувам за понатаму. Толку сум сконцентриран на сегашноста, што ги отфрлив сите планови за иднината.

Годините и искуството ме научија дека „ако сакаш да го насмееш Господ само кажи му што планираш. Немам апетити да настапувам надвор од Македонија“, изјави Владо претходно, но сега тој интензивно снима и настапува во Хрватска.

– Многу трачеви има, ама јас сум малку недружељубов во последно време затоа што години ми диктираат малце посмирен живот. И сега ми е мерак да си седам дома, веќе не одам по журки“, рече Владо во една прилика во Еден на еден, а кога водителот Жаре го праша колку време немал серозна врска тој рече:

Десет години најмалку, 12. Не сериозна, никаква. Има роднини, пријатели што сакаат да ми наместат девојка- Има една за тебе. Ама, кога не пее пилето, џабе е.

Во една прилика, Владо откри дека всушност има деца кога Жаре го праша во истата емисија: Би сакал да ми одговориш искрено. Има ли наследник Владо Јаневски?

-Не е сврха да ме наследи некој? А, не музички? Биолошки мислиш? Јас знам дека имам, сега, не дека сум ги растел и знам кои се, какви се, што се, али ми јавиле дека има некои што растат.

-Така да, може сум татко, ама не сум баш некој татко“, изјави Владо. За неговата песна „Што да и да ќе помине“ се зборуваше на времето дека е автобиографска и дека зборува токму за тие негови наследници.

„Нашата љубов уште живее, има име и ангелски лик. Збунето стои на прагот на стварноста, со своте розови кош-мари“, се дел од стиховите. Токму нив, Јаневски, ги сподели на Инстаграм.

Владо Јаневски во интервју за Женски магазин зборуваше на многу теми, а една од нив е всушност неговото селење во Русија кога имал 35 години. Тој рече претходно дека таму настапувал во казина и убаво бил платен.

-Јас не отидов таму да градам кариера. Јас пеев по најголемите казина во Москва, руски, англсики, италијанки песни. Отидов затоа што добив неверојатно добра понуда, откако пеев на фестивали во Белорусија.

Си го потпишав догворот, банковното салдо ми рече: Спасиба Владимир. Летаа долари. Имав девојка таму.

Потоа дојде Евровизија и поради лошата состојба во Русија, јас решив да се вратам“ рече Владо меѓудругото во емисијата Еден на еден неодамна.

– Тие 2-3 години во Москва пеев скоро секоја вечер, но имав многу слободно време преку ден. Тоа слободно време, во недостаток на блиски луѓе и пријатели, го користев за читање книги (што ми е страст уште од детството и од студентските денови).

Имав 35 години, чувствував дека сум на некаква пресвртница во мојот духовен развој и се посветив на читање книги за кои сметав дека ги кријат одговорите за моите горливи прашања: „ Кој сум бил порано, кој сум сега и каков сакам да бидам во втората половина на животот?“

Оттаму се разви мојата вештина на интроспекција која ми помогна да се пронајдам себеси и да ја развивам вештината на бивање комотен во сопствената кожа. Со еден збор, научив да си бидам свое најдобро друштво и соговорник“, изјави Јаневски во Женски магазин.

Previous articleАца Лукас сака на Евровизија и поставува услови како најголема ѕвезда
Next articleДац одблиску ја опиша нашата состојба: Добивме демократија, почнавме да полудуваме од таа демократија