Лила Филиповска, нашата позната инфлуенсерка и водителка на својот Инстаграм профил постојано споделува слики од своите патувања и местата на кои ужива, а и ги рекламира.
Лила веќе долги години го води квизот „Се или нешто“ за кој во една прилика изјави: – Во овие 9 сезони имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка.
И не само јас туку целата јавност. Тоа е емисијата со натпреварувачот Берзат од Велебрдо.
Целата емисија беше, смешна, забавна, со многу позитивна енергија , тоа е исклучително интересен човек со многу жувотни приказни.. Од Берзат научив и нов збор „канаќисавме“!“, рече познатата водителка.
Српскиот портал„ Редпортал.рс“ и направи интервју на наша Лила во кое таа зборуваше за доста детали од својот професионален и приватен живот. Па оние оттаму што не многу знаеја за неа, имаа прилика да ја запознаат подобро.
Прашањата на тема љубов секако не беа заобиколени, а по таа точка Лила како и секој нормален човек вели дека сака да е сакана, објави Вистина.мк во една прилика.
-Петок е ден кога голем дел од луѓето чувствуваат олеснување бидејќи завршува уште една работна недела и доаѓа викенд, вели Лила не случајно зборуваќи
за петок бидејќи вели дека за неа љубовта е како „грав во петок“, а кој не сака грав?“, изјави Лила и откри и дека омилена песна и е од Јелена Карлеуша „Цел живот ќе бидам твоја тра ума“.
-И јас сум човек кој сака промени, па веројатно би поздравила таква промена. Ја сакам медицината, но животот не сакаше да бидам хирург, туку филолог и водач.
Кога би се родила повторно, би била хирург и сигурна сум дека би бил популарна и ценета затоа што кога правам нешто, тоа го правам со многу љубов.
Така, на некој начин повторно би била јавна личност. Не знам, или пак да бидам доктор за шоубиз?“, изјави Лила.
Зад секој голем успех тоа сите го знаеме, се крие голема работа и пожртвуваност, па за Лила „патот до успехот е роза полна со трње“. А која е тајната на успехот на нејзиниот квиз?
-Ова е веќе десетта сезона од квизот Се или нешто на мојата домашна телевизија Сител и ги руши сите рекорди на гледаност. Бидејќи се емитува секој работен ден, значи толку многу што успеавме да ја погодиме целта.
Тоа веројатно се должи на професионалноста на телевизијата и тимот со кој работам, потоа мојот банкар кој е вистинска мистерија и никој не знае кој е и кој дава многу пари.Сепак, најважното нешто во успехот на нејзиниот квиз е ..
-Се разбира, јас и моите долгорочни лидерски способности, бидејќи можам да разговарам со сите, да ги опуштам, да го извлечам најинтересното од нив, да не навредувам никого.
Можам да направам приказна и да се пошегувам на моја сметка. Шоуто е вистинско реално шоу со обични луѓе кои ти ја отвораат душата“, изјавила Лила.
Лила Стојановска во емисијата „Магазин“ на нејзината матична ТВ куќа „Сител“, зборуваше за својата кариера, за животот, и за згодите и незгодите на снимањата на „Се или нешто“.
Лила зборуваше на тема дали ѝ пречат многуте озборувања на нејзина сметка, популарно наречени тролања. Таа рече дека не ѝ пречи кога ја нарекле Господар на прстените, туку напротив, дека тоа ѝ било симпатично.
– Кога си толку години јавна личност како јас, треба да се навикнеш на сите тие муабети.
Тие се повеќе саркастични, а јас обожавам саркастичен и интелегентен хумор, и кога на тој начин ме тролаат ми се слатки знаеш“, откри Лила.
Потоа, за неа зборуваше нејзиниот пријател и ПР Спасе Јовановски, кој е сега ТВ презентер во „Сител“, и раскажа како почнало нивното пријателство.
-Лила сакаше да ме ист епа, буквално. Се запознавме пред 15 години, јас работев во тогашен естраден магазин, односно жолт печат, „Свет“.
И како најдобар таму, ѝ се јавив на неа, дознав некои информации за неа за некој дечко, била видена таму во некое диско.
Таа реагираше целата разу лавена: Кој ти кажа? Потоа му се јави на мојот уредник, да ме те па сакаше во наводници. Потоа се запознавме, и еве оттогаш, цели 15 години сме заедно.
Лила кога е нервозна…, во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот. Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.
Лила снимила видео на социјалната мрежа ТикТок кое подоцна го споделила и на Инстаграм, и во него ги вклучла нејзините пријатели Зоки Фаци и Спасе Јовановски, кој работи во Сител како презентер на вести.
Во видеото, тие играат во нејзиниот дом, а миленикот на Лила- мачката ги гледа. Интересно е што во ова видео кое е снимено за забава Спасе и Фаци се облечени во облека на Лила.
View this post on Instagram