Home Live Коки Јанков го прокоментира бизнисменот Трифун Костовски: Јас вака си ја замислувам...

Коки Јанков го прокоментира бизнисменот Трифун Костовски: Јас вака си ја замислувам староста (ФОТО)

Виолинистот Никола Јанков- Коки и неговиот другар Дуле кој за жал од 2013 година веќе не е меѓу нас, долго време ги забавуваа сите генерации на нивните свирки по кафулињата и по клубовите низ цела Македонија.

Многу претстави и филмови поминале пред моите очи и во мојата душа, во овој живот. Жанрот бил различен. Од комедија, до хо-рор, до љубовна драма“, има изјавено виолинистот.

– По 20 и повеќе години заедно, по можеби околу 250 настапи во годината во просек, и по 5 години откако Дуле не е меѓу нас, што човек може да каже во една реченица? Ништо, а можеби и многу.

Дали дуото Дуле и Коки постои? Јас би рекол ДА. Затоа што сѐ уште слушам во публиката како луѓето извикуваат: „Марама“, ако може“, „Виолина и гитара“, „Колку треба да се плати“. Ги бараат.

Е, некој треба да ги испее тие песни по настапи. Тоа сум јас, заедно со таа публика“, Коки во Женски магазин. Виолинистот вели дека му тешко во тие моменти, но песните треба да живеат, поради Дуле.

-Нема ден да помине а да не помислам на лудориите и глупостите што сме ги правеле со Дуле, уште од деца, во Пионерскиот дом, па во извидници. Ееј, колку пати логорскиот оган ќе изгаснеше, а ние околу него, не застанувавме да свириме со гитарата и со виолината до сабајле, ама знаевме дека ќе ќариме и по некоја женска.

Дуле го сакаа повеќе од мене, тој беше пејачот, нема лутиш. Во средно школо, почнаа првите сериозни свирки по Штип.

Се знаеше, едно: „Добро вечер“, беше доволно да каже Дуле, и вечерта веќе беше успешна и настапот беше за паметење“, вели Коли и додава дека истата традиција продолжила низ цела Македонија, и во следните неколку години од првата свирка, и останала до последната.

-По, строфа,две, стално иде рефрен,и со години така, баш секој ден и секоја нова девојка ме потсеќа на тебе, ептен“’, овој стих е изваден од една наша песна. Не ми се зборува секогаш, не секогаш ти се пее и ти се свири, ама одиме понатаму.

Километражата си го прави своето, ама затоа има нови песни, нови среќавања, нови видувања, нови идеи.

Имам да зборувам многу, но ќе оставиме да зборува времето и песните. Овие зборови нека се заради 23 септември,таков е денот“, раскажа Коки на денот кога Дуле го напушти овој свет.

Тој се појавил на фестивалот Макфест по долго време, во градот во које е роден, а тоа е Штип, и изјави дека настапул за атар на неговиот другар Дуле, кој го напушти овој свет во 2013 година, а Коки преклани му напиша емотивно писмо на Фејсбук. Јанков е и голем верник.

„За верата и за црквите можам да зборувам многу. Јас лично од 2007 година се дружам со Библијата и сѐ уште ја проучувам и учам од словото Божјо“, има изјавено во едно интервју музичарот Коки Јанков, познатиот виолинист.

Верувам во Бог зошто без него не можеме да направиме ништо. Ја барам неговата мудруст. Нашите патишта со неговите патишта, обично се различни.

Во еден пример во Библијата, Исус им одговара вака: „Тоа што е на властите, дајте им го, тоа што е за Бог, дајте му го нему“. Мерката за тоа кој колку голем верник е, ќе ја видиме кога ќе заврши овој живот“, рече Коки.

-Поминаа 25 години од „Виолина и гитара“. Тоа беше во 2006 година.. Затоа и сакав да се појавам на некој начин поради Дуле, ја доделив и наградата за дебитант која носи наслов по Душан Љубисављевиќ“, изјави Коки.

Тој е татко на Лара која ја има од бракот со Росана Петревска, и редовно настапува со својата виолина и со групата Тајфата.

Коки Јанков многу го почитува Трифун Костовски, познатиот бизнисмен и поранешен градоначалник на Скопје. Тој објави негова слика и под неа напиша:

„Чичко Трифун“. Под сликата каде што Костовски е со пура, еден коментар вели: „Јас вака си ја замислувам староста“.

 

Previous articleРебека: Жал ми е за руската крема што ја користам, ќе залепам украинска етикета
Next articleКалиопи соработува со примабалерината Александра, сопругата на Сашо Мијалков, наскоро ќе се објави производот