Калиопи, нашата позната поп дива е почитувана насекаде низ екс Југославија. За порталот expresstabloid.ba таа зборуваше за животот и за соработката со поранешниот сопруг Ромео Грил кој е инаку композитор на многу нејзини песни. „Ромео Грил, мојот поранешен сопруг остави белег во мојот приватен живот, но и во мојата музичка кариера.
Направи безброј хитови, композиции и некако тој клик што се случи во 2012 година кога Македонската телевизија одлучи по втор пат да ме испрати како свој претставник на Евровизија. Знаев дека ми треба добра песна, не баш добра, но дека ми треба повеќе од добра песна.
Потоа го зедов телефонот и го повикав поранешниот сопруг момче и му реков дека едноставно не е важно се што ни се случи во приватниот живот, туку дека е грев да не се занимаваме заедно со музика, бидејќи дефинитивно сме единствени во тоа поле.
Така, на пример, беше создадена песната „Црно и бело“, која е само една во низата. Мислам дека песните што ги правиме заедно се нешто посебно, нешто што зрачи со енергија и хармонија. Грев е да се игнорира ова.
Потоа, таа зборуваше и за песната „Бато“ за која многумина велат дека е нејзината лична карта. „Бевме на турнеја во тогашниот Советски Сојуз во 1987 година и беше многу заморно. Турнејата беше многу напорна и траеше скоро три месеци.
Понекогаш имавме два концерти во еден ден. Беше страшно тешко да го повторам тоа. Една ноќ не можевме да спиеме и Ромео ја зеде гитарата и ја направи песната „Роѓени“ (Бато) без да спиеме неколку дена.
Се сеќавам дека кога ги слушнав првите звуци на таа песна почувствував единствена магија“, изјави таа за Бато но зборуваше и за тоа дека живее нова младост. Преживувам нова младост. Како да не сум во педесеттите години.
Тоа е само бројка, и јас не ги гледам годините преку бројки, туку низ моментите што ги остварувам. Најубавото нешто за мене е што Бог ми даде да го имам овој талент и да го споделам со луѓето.
Како резултат на тоа, се реализираат многу повеќе моменти со кои луѓето не само што ќе се сетат на мене, туку и ќе се препознаат во моите песни, а тоа е она што ми ја продолжува младоста и животот и не дозволува да остарам.“, изјави таа.
Калиопи беше во Белград, како гостинка во емисијата „Студио“ која е всушност мултимедијално музичко шоу, каде што познати пејачи пеат стари песни во нови аранжмани.
Емисијата се емитува на Радио телевизија Србија секоја сабота. Калиопи на социјалните мрежи објави видео во кое таа ја пее песната „Македонија“ која на времето на има испеано Дадо Топиќ, познатиот хрватски музичар.
Во видеото, таа објаснува што за неа и за целиот народ претставуваа оваа песна. „Тоа беше време на Југославија кога не се пееше многу за републиките посебно, ние секогаш пеевме за една земја.
Со самото тоа имам чувство дека луѓето сфаќаат дека македонското сонце е љубов и желбата на тој народ себеси да се дава на другите е некако блиска. Посебно благодарам на Дадо Топиќ, кого го обожавам, кого го сакам, кој е мој голем пријател, тој некако го опеа сето она што многу други никогаш не би рекле, а да не е Македонец“, рече Калиопи тогаш.
Таа сподели видео како на своите обожаватели им дава бакнеж, но дали е бакнежот наменет и за некоја посебна личност, судејќи според стиховите што ги сподели до видеото.
– Ќе ги продадам соништата. Ќе ја изгаснам темнината. Никогаш повторно. На усните афион. Усните се мои. А твое е сè. Ќе ги продадам соништата. Затоа што те сакам… Ова се стихови од нејзината песна „Небото ми сјае“.
Калиопи е добра пријателка со поранешниот сопруг, актерот Васил Зафирчев со кој неодамна објави слика како пешачи на скопскиот кеј покрај Вардар и напиша:
– Интелигенцијата, хуманоста, лојалноста, доверба, се квалитетите на луѓето со кои ги чекорам истите чекори низ животот и ја делам истата љубов кон вечното пријателство. Со нив уживам да поминувам километри“, објави Калиопи.
Калиопи има изјавено дека пишува музика на балет, а сега тоа и официјално го има објавено на нејзината Фејсбук страница. Калиопи, во овој проекет сорботува со голема екипа на уметници, а меѓу нив е и примабалерниата Александар Мијалкова, сопруга на Сашо Мијалков, која е балетски уметник долги години.
Еве за што станува збор, а Калиопи ги објави деталите: БАЛЕТСКА ПРЕМИЕРА, „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“ 9.3.2022 – 20.00 ч, Опера и балет. Балет во 9 слики со врвна авторска и солистичка екипа!
Музика: Калиопи Букле; Кореографија и режија: Олга Панго; Либрето и драматургија: Сашо Димоски; Асистенти на кореографот: Горан Божинов, Саша Евтимова; Костимограф: Раде Василев; Сценограф: Валентин Светозарев; Мултимедија и дизајн: Емил Петров; Дизајн на светло: Милчо Александров; Дизајн на шминка: Златица Поповска
Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска , Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук“, пишува во објавата на Калиопи.