Home News Проф. Трајковски: Од каде се толку сигурни Русите дека ќе успеат да...

Проф. Трајковски: Од каде се толку сигурни Русите дека ќе успеат да „превоспитаат“, десетици милиони Украинци по свој терк?

Главна тема во светските, па и во нашите медиуми, е украинската криза. Но не само во медиумите, кризата во Украина се коментира и на социјалните мрежи.

Битолскиот професор по Механика, Дејан Трајковски, кој се прослави со своите анализи на ковид бројките во изминатиот пандемиски период, објави свое размислување околу Украина:

„Според населението, Македонија е 24 пати помала држава од Украина. Вкупните трупи, досега предвидени за операцијата во Украина, сведени на македонски бројки, би одговарале на одвај 6.250 војници.

Всушност, досега се употребени помалку од половината од предвидениот број, што би одговарало на околу 3.000 војници, сразмерно на нашата големина.

Веќе на прв поглед е јасно дека со толку малку војници не може да се заземе Македонија, па ни Украина со 150 илјади војници. Да се потсетиме, односот на сили треба да биде најмалку 4:1 во корист на напаѓачот, за да има успех.

Но, дури и ако се заземе, не може да се држи толку народ под окупација – едноставно со голи раце би ги натепале и избркале од градовите и селата, каде што влегуваат последниве два дена. Дали планираат да седат со години затворени во своите воени бази?

Сигурно во руската армија не биле до толку глупави да тргнат во окупација со толку поддимензионирани сили, освен ако не сметале на петтата колона, односно големиот број Руси, полуруси и руски симпатизери во Украина. Тие, инаку, живеат претежно во источниот дел од земјата.

Иако со заземањето на градовите се исфрлаат од строј украинските единици, а се ослободуваат руски единици за други фронтови, сепак изгледа речиси невозможно дека со толку малку војници ќе можат да одржат контрола во заземените градови, дури и над целосно голорак народ.

Не само што не можат да контролираат толку народ, туку прашање е дали ќе успеат и во прокламираната цел, демилитаризација и ден ацификација.

Понатаму, дали се пак толку сигурни дека ќе успеат да „превоспитаат“, односно „дена цифи цираат“ десетици милиони Украинци по свој терк?

Ќе видиме што ќе се случува во наредните денови, дали ќе се вклучи и белоруската армија, ама вака пресметката никако не излегува. Можеби целата операција ќе се сведе на ун ишту вање на воените магацини и задржување на досега заземените територии, евентуално со проширување на Одеса и Днипро (Дњепропетровск).

Ни тоа не е мала работа, затоа што источна Украина (Донбас), приморскиот крај и градовите по течението на Дњепар се економски највиталниот дел од Украина. Од западниот дел нема многу корист.

Но, повторно се враќаме на прашањето – што намераваат да прават и со овие територии и со толкав број непријателски настроено население?

Украина ќе и биде тежок камен околу вратот на Русија, од кој нема да може глава да крене.“

Previous articleСашко Коцев има причини за славење: двоен јубилеј на приватен и професионален план
Next articleЗорица Заева ослабена и презгодна – на журка со Филипче Венко и Љупка Митрова (ФОТО)