Home Live Ребека: Жал ми е за руската крема што ја користам, ќе залепам...

Ребека: Жал ми е за руската крема што ја користам, ќе залепам украинска етикета

Ребека Јанковска – Ристески, една од нашите најпознати пејачки е и голем хуманитарец, таа со здружението кое го основаше а се вика „Дајте ни крлија“ им помага на лицата со ртки бо лести. Ребека и нејзиниот сопруг Милан Ристески се родители на три сина: Маркијан и Доротеј и Макариј кои се близнаци.

Маркијан има 15 години и боледува од ретко заболување со кое Ребека, Милан и целото нивно семејство успешно се борат. За лицата со ретки болести, и за нивниот пат, Ребека секогаш отворено зборува на Фејсбук.

-Очекувам имплементација и усвојување на националната стратегија за лицата со ретки болести. Очекувам почист воздух следната зима, ревидирање на Преспанскиот договор и враќање на достоинството на народот во Македонија.

Повеќе закони кои во пракса дека ќе се спроведат, подобар статус на асистентите на лицата со попреченост, поголема сплотеност на здруженијата кои ги застапуваат лицата со попреченост и подобра образовна програма за нашите деца воопшто, независно дали се со типичен или нетипичен развој“, напиша таа во една прилика.

За порталот majkaidete.mk, Ребека зборуваше како се организира околу домот, наставата, децата, работата, и сека новата ситуацика ја натерала да работи повеќе професии одеднаш, во времето кога децата ја следеа наставата онлајн.

-Секој работен ден, од понеделник до петок ми почнува во 7 и 15 часот – со џогерот. Морам да го пребришам подот во целиот стан особено сега, откако го имаме новиот член во семејството кој пушта многу влакна, пред да станат децата и да почнат да трчаат низ куќа со своите боси ноџиња.

Потоа си правам кафе кое обично не го испивам или пак го пијам два саати, заборавајќи го одвреме навреме на различни места низ станот. Претежно сум сама со тројцата, освен ако Мики не оди тој ден подоцна на работа, па во меѓувреме го носи кучето на прошетка.

Близнаците стануваат и се облекуваат сами, а на Маркијан за ова сѐ уште му треба помош, па му помагам да се облече, да ги измие забите, да ги испие лековите, им спремам појадок, иако понекогаш близнаците знаат и самите да си направат нешто, и почнуваме со онлајн наставата.

Тие седат на маса и учат од еден компјутер, а бидејќи се сега во фаза на описменување и учење на ракописни букви и математички операции, морам да надгледувам цело време. Учиме во просек до кај 11 часот, потоа правиме малку пауза, а потоа гледам веднаш да го напишат и домашното.

Дури и во време на пандемија не отстапивме од своето правило: таблет може само во петок и сабота по два часа и во ниту еден друг ден. Потоа, ако не сум направила ручек од вечерта, го готвам ручекот за тој ден’, изјави Ребека.

Една од нејзините Фејсбук објави беше е поврзана со заминувањето на новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, но и со она што голем дел од луѓето како да го загубија по пат, вербата во подобро.

– „Рачунајте на нас” пееше Ѓорѓе Балашевиќ и сите веруваа и рачунаа на нив и му веруваа нему, а ние немаме веќе на кого да рачунаме. Како сира чиња некои, оставени на милоста и повеќе на немилоста на соседите кои демек Европски се однесуваат, алчно граб ајќи ги остатоците од нашето трошка достоинство.

Моите деца имаат впечаток дека сите политичари лажат и за жал не се далеку од вистината. Секако сметаат на нас дома, но штом излезат од вратата за многу нешта ме прашуваат ЗОШТО !? Сите поуки кои им ги давам за екологија, сообраќај, лицата со попреченост, искреност, другарство…

Не важат кога е во прашање светот околу нив. Оние малку трошки надеж кои ги собираме по пат како врапчињата среде зима, мојата насмевка и вербата во Бога, чинам малку се за да им ги разведрам погледите и покрај сончевите денови“, напиша пејачката.

„Види синко, мама е тука, но кога ќе остаре мама и кога ќе ја нема еден ден во ова општество сам нема да можеш можеби ни да купиш нешто за јадење, а камо ли да се заштитиш од сиот тој свет на кој не му е грижа за лицата со попреченост. Освен со Божја волја ако се случи некое чудо.

Отприлика вакви се мислите на родителите на лицата со попреченост. Ако имате барем малку сочувство за овие лица секој еден од вас нека направи она што е во негова моќ и нека не врти глава. Лицата со попреченост тоа го заслужуваат“, вели Ребека во еден својо Фејсбук статус.

Таа сега ја коментираше актуелаата состојба со санкциите со Русија, но на свој оригинален начин и напиша: Многу ми е жал за руската крема што ја користам, одлична е. Но цензура е цензура, ќе залепам украинска етикета.

Ќе биде како копија верна на оригиналот.И онака на пазаров се помалку има оригинали, но важна е содржината ,нели!? Ќе се познава ли дека е оригинал? Леле мајко што не снајде

П С. А ако имаш другар од Русија?. Аааа и бабушките од Москва што ги купив ќе мора да ги ребрендирам. Капата!? Да не испуштив нешто?!“, стои во статусот на Ребека.

Previous articleРашела се огласи по подолго време и кажа што ВМРО ќе бара за да останат повеќе пари за граѓаните
Next articleКоки Јанков го прокоментира бизнисменот Трифун Костовски: Јас вака си ја замислувам староста (ФОТО)