Home News Павле Богоевски: Светот и Македонија завзема страна – сега е редот на...

Павле Богоевски: Светот и Македонија завзема страна – сега е редот на сите оние кои се радуваат или го оправдуваат Путин, да одлучат кај се

Завчера Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се осудува руската инвазија на Украина и се повикува Москва веднаш да ги повлече сите сили од Украина, пренесува Ројтерс.

Резолуцијата доби поддршка од 141 (од 193) членка, а беше изгласана на крајот на итната седница на Генералното собрание свикана од Советот за безбедност.

Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Албанија се меѓу земјите од регионот што гласаа за резолуцијата.

Пет земји беа против – Русија, Белорусија, Сирија, Еритреја и Северна Кореја. 35 држави беа воздржани.

Поранешниот пратеник Павле Богоевски, ја прокоментира ваквата ситуација:

„Русија, Белорусија, Северна Кореја, Сирија и Еритреја. Тоа се државите кои гласаа против Резолуцијата на ООН со која се осудува руската инвазија и се бара Русија “веднаш, комплетно и безусловно да ги повлече своите воени сили” од територијата на Украина.

Веќе никој не може оваа војна да ја извртува како судир на САД или НАТО против Русија.

Сега веќе станува збор за целиот свет, кој со огромно мнозинство, обединето одлучи дека не станува збор за никаква одбрана, ослободување на “свои” територии, демилтаризација или “денацификација”.

Акт на а гресија и ништо помалку. Чин на еден л у д диктатор, на кој не би му пречело да го обвие и светот во нуклеарна зима, бранејќи ги своите империјалистички аспирации.

Светот одлучи и завзема страна. Македонија одлучи и завзема страна. Сега е редот на сите оние кои се радуваат или ја оправдуваат инвазијата на Путин, да одлучат дали сакаат да сме дел од цивилизираниот свет, или дел од друштвото на Русија, Белорусија, Северна Кореја, Сирија и Еритреја.
Слава и’ на Украина!

п.с. Забележавте како НИКОЈ од Генералното Собрание на ООН не се обиде да ја блокира Резолуцијата со илјадници амандмани, бескрајни дискусии и сл?

Тоа е бидејќи блокирањето на демократските институции преку мајтап со нивните процедури е најголема перверзија на демократијата.

Во ООН само Русија проба и успеа да блокира така – кога пред неколку дена Советот за Безбедност сакаше да усвои слична Резолуција, Русија го блокираше дневниот ред и не дозволи да почне седницата.

Звучи познато, нели? Бидејќи тоа е тактика својствена за руските агресори и македонските опозиционери. Иста школа, исти вредности, исто подривање на демократијата.“

Previous articleАнастасија го заборави Ѓорѓе, веќе игра во диско со нов маж (ФОТО)
Next articleТрифун објави слика од „трите мускетарки“ од Полска: Низ рацете на овие жени помина сè (ФОТО)