Home Uncategorized Мајката на Денис Тот има 1 фотографија која ќе ја потсетува на...

Мајката на Денис Тот има 1 фотографија која ќе ја потсетува на синот: Разжалостеното семејство го испрати синот

Хрватскиот ракометар Денис Тот, кој играше за скопски Бутел, се упокои во петокот, на 28-годишна возраст.

Тој во раните утрински часови во петокот, бил примен во клиничкиот центар во одделот КАРИЛ, а информациите околу неговата состојба беа различни.

Првобитно беше најавено дека Тот бил прет епан пред скопска дискотека, за потоа да дојде до демант и информации дека на телото немало траги од на силс тво.

Неговиот брат Борис Тот, се збогуваше од Денис преку социјалните мрежи:

„Прерано нè напушти, мил мој почивај во мир, ништо повеќе нема да биде исто без тебе“, напиша Борис.

Бидејќи во текот на денов дел од хрватските, но и македонските медиуми шпекулираа со причините за упокојувањето на хрватскиот ракометар Денис Тот кој играше за скопскиот РК Бутел, неговиот брат Борис Тот доцна синоќа даде објаснување, според моменталните информации со кои тој располагал.

„Им благодарам на господата новинари на „професионално“ извршената работа. Може само да ви биде срам поради пласирањето на дезинформации во јавноста и ширењето на лаги заради собирање на кликови.

Денис поч ина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачка и останати глупости кои во текот на целиот ден се пишуваа…

Срамота е на туѓата несреќа да градите публицитет“, напиша Борис Тот.

Сепак, вчера порано во денот, другарка на Денис Тот, на социјалните мрежи напиша:

„Остана киндер јајцето за Стефи не земено. Почивај во мир и мафни понекогаш од зад облаци.

Ти беше некој со најтопло срце и преубава енергија, замина не поради твоја вина, баш поради “човечка нечовечност”… Чао до наредно видување мил Денис“, напиша Стефи Трајчевска.

Таа споменува човечка нечовечност, а последните информации на ТВ Телма од денес, кажуваат дека сепак имало нас илс тво пред упокојувањето на ракометарот.

„Докторите од Судска медицина ги разрешија дилемите во јавноста, откако обдукцијата покажа дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за упокојувањето на 27-годишниот ракометар од Хрватска, Денис Тот, пишува Телма.

Потврда за ова Телма добила од Скопското обвинителство, кои се веќе усно известени и ја чекаат целосната документација за да отворат предмет.

Инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка, се веќе приведени, а третиот е во бегство. За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк.

Кога тргнале да си одат, се степале, по што Тот паднал во бесознание, а останатите си заминале.

Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош, пишува Телма, иако на видеото кое што излезе како Тот е претепан има повеќе луѓе кои ги тргаат на сил ниците од паднатото тело на Денис, кој лежеше на тротоарот.

Тројцата осомничени, виновниците за упокојувањето на Тот пред да влезат во такси постојано се враќаа до телото на Денис и го у ди раа уште толку, а еден човек ги тргаше настрана и ја проверуваше состојбата на Денис кога сфати дека е сериозно и тој е без свест.

Неговиот брат Борис Тот објави некролог на својот Инстаграм профил, со кој го одбележа вторникот како ден кога е закажан погребот на Денис во неговиот роден град Ѓаково.

Хрватскиот ракометар Денис Тот (27) несреќно се упокои на 8 април во Скопје на ноќно излегување. По едно необично прикривање, каде прво беше потенцирано дека се упокоил од срцев у дар, утврдено е дека хрватскиот ракометар подлегнал на повредите.

Неговиот брат Борис Тот објави некролог на својот Инстаграм профил, со кој го одбележа вторник како ден кога е закажан погребот на Денис во неговиот роден град Ѓаково.

„Со тажно срце и длабока болка на нашите роднини, пријатели и роднини им ја објавуваме тажната вест дека нашиот драг и никогаш прежален Денис Тот се упокои во петокот, 8 април 2022 година, на 28-годишна возраст.

Последното испраќање на нашиот драг ќе се изврши во вторник на 12.04.2022 година во 15 часот на градските гробишта во Ѓаково.

Почивај во мир Божји!“

Имено, мајката на Денис Тот, Татјана на својот Инстаграм профил има објавено само 1 фотографија и тоа во 2015 година, а тоа е фотографија од преубаво зајдисонце, море и облаци.

Симбочично многумина се ожалостија на оваа вест и симболично ја поврзаа веста дека Денис ќе ги гледа оттаму, од горе.

Previous articleНоне кажа што научила од кучето: За кучките да ги избегнам, ќе го слушам него
Next articleЕве што прави сега синот на Миникас, откри со каков проблем се борел