Home Live Ноне кажа што научила од кучето: За кучките да ги избегнам, ќе...

Ноне кажа што научила од кучето: За кучките да ги избегнам, ќе го слушам него

Откако започна пандемијата со вирусот, Неделковска своето слободно време го поминуваше во родниот Велес заедно со своето семејство.

Таа не е од оние корисници кои висат по социјалните мрежи и на секоја минута да објавува што прави, но некогаш знае да направи исклучок.

Работам на брод како советник за убавина во фришоп. Прв пат заминав да работам на брод во април во 2012 година, и требаше да патувам до Египет, поточно Шарм Ел Шеик.

Никогаш нема да го заборавам чувството кога пристигнав таму. Бев збунета и возбудена, еден тон емоции кога застанав пред бродот.

Сакав промени, затоа се одлучив да заминам. Пет години бев на македонската естрада. Еден ден си реков- и што по ова!? Зарем ова треба да правам во наредните неколку години!?

Стани, среди се, оди по емисии одговарај на некогаш глупави прашања.

Слушај и читај з ли коментари, моли се за викенд да имаш букирано некој настап. Ми требаа нови предизвици и за кратко време од помислата дека треба да сменам нешто, се најдов на брод“, изјави за Женски магазин Ноне.

Ноне за „Црно бело“’, изјави дека додека патувала со бродот посетила 45 земји и има морска болест.

Таа сподели свое искуство од различните култури кои имала можност да ги запознае.

– Во Индија сè уште постои тој договорен брак уште додека се млади, гледам дека и го почитуваат, па не се впуштаат во некои авантури додека се на брод (има исклучоци).

А Италијанците се прави заводници и ништо не ги спречува за провод. За десет години здравје Боже се гледам со две дечиња, среќна мајка и сопруга“, рече Ноне.

Ноне се појави во емисијата Еден на еден кај Жаре но секако не во живо туку со видео повик од брод и таа се јави за да го изненади Јован Јованов кој беше гостин во оваа емисија. Јован и Ноне се инаку пријатели уште од времето.

Еден специјален поздрав до Јован Јованов. Слушам дека Јован си во Македонија и нормално, морав да пратам еден прекуокенски поздрав, моментално пловам за Јамајка. Се андевам дека убаво си поминуваш дома, нормално дека чувството е незаменливо кога си со своите најблиски.

Но, имам едно прашање до тебе, а тоа е дали би правел концерт и дали додека си во Македонија би направил уште неколку хитови?“

Ноне објави слика од неа како ужива на Јамајка, на плажа, со коктел, и тоа со мини бикини и на оваа слика таа навистина покажа што и дала мајка природа- тоест изгледа одлично.

Некогашната македонска поп ѕвезда, Нона Неделковска одново „јава“ на океанските бранови, работејќи на големите прекуокеански крузери.

Последната дестинација на која беше закотвена шармантната велешанка беше Јамајка… За неа некогаш „ветената земја“ или поточно земјата на „ветената љубов“ од која останаа само спомени.

Откако одново тргна да плови по „големата бара“, Ноне времето на големиот крузер го минува работно, сега веќе како една од „шефиците“ во својата дејност.

Можеби затоа има и повеќе слободно време, кое кога си на голем брод со месеци на море, сепак не ти дава многу опции за избор, на тоа како ќе ги потрошиш слободните минути.

Бродската забава веројатно и е нешто „веќе видено“, по сите овие години веројатно оддамна ја има „изгустирано“, па затоа Ноне сега решила слободните часови да ги посвети на релаксација со книгата.

Изборот на четивото за многумина можеби чуден, но за оние што добро ја познаваат, сосема логичен. Македонската морепловка се фотографирала со книга во рацете која носи необичен наслов во слободен превод:

„Биди повеќе (од) кучка“… И тука оние неупатените веднаш ќе реагираат, дека Ноне баш и не им личи на оние, чиј карактер може да се поистовети со „бесна кучка“…

Што најверојатно и има допирни точки со вистината, зашто поднасловот на нејзиното книжевно четиво вели: „Ако вашето куче не сака некого, веројатно и вие не треба“!

Поента од содржината на книгата што почнала да ја чита, од која некогашната пејачка би требало да ги извлече – „Животните лекции од нашите кучешки пријатели“ – како што вели поднасловот!

Познато е дека Ноне е голем љубител на животните, дома во родната куќа во Велес чува и маче и куче, а нејзината пудлица Луси има третман на многу повеќе од само обичен домашен миленик, туку на неа гледаат како на полноправен член на семејството.

Е сега, која и каква „кучка“ Ноне ќе препознае во книгата што почнала да ја чита, ќе се држи ли до правилото да ги избегнува оние што нејзината Луси ги лае.

Previous articleВесна Петрова: Би сакала да ја опишам нашата голгота, која ја поминавме на болница – кој има време нека прочита
Next articleМајката на Денис Тот има 1 фотографија која ќе ја потсетува на синот: Разжалостеното семејство го испрати синот