Home News Потпретседателот на Владата Артан Груби објави: Се укинува обврската за носење маски...

Потпретседателот на Владата Артан Груби објави: Се укинува обврската за носење маски на многу места во затворен простор

На денешната седница Владата ги усвои новите ковид-мерки со кои, меѓу другото, се укинува задолжителното носење маски во затворен простор, а усвоена е и одлуката со која средношколците нема да мора да носат заштитни маски во училиште.

За ова на својот фејсбук-профил информираше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Според новите одлуки на Владата, се укинува мерката за задолжително носење маски во затворени простории, освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.

Воедно, според одлуката, учениците во средните училишта можат да следат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитни маски.

Се укинува и забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

„На денешната седница на Владата ги разгледавме препораките на Комисијата за Заразни Болести за олеснување на анти – Ковид мерките и согласно подобрената епидемиолошка ситуација ги усвоивме овие одлуки:

се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби;

учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски;

се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и

се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице“, напиша Груби на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleМенаџерот на Јелена Карлеуша oткри во какви односи е таа со Душко Тошиќ
Next articleКој е Методија Димовски, наследник на Мухамед Зекири на местото Ген-сек на Влада