Home News Горан Милевски објасни зошто мора да се користи „Република Северна Македонија“, дури...

Горан Милевски објасни зошто мора да се користи „Република Северна Македонија“, дури и во советите на општините

Статус на Горан Милевски, претседател на партијата ЛДП и Министер за локална самоуправа:

„Уставниот суд уште еднаш го потврди незнаењето на правото на професорот по право Апасиев и му одржаа лекција по основи на правото.

Согласно оваа одлука неговите советници неуставно и спротивно на закон потпишувале свечени изјави во општинските совети. Пак по умот негов да одите.

“Оттука, произлегува дека Амандманот XXXIII на Уставот, сметано од 12 февруари 2019 година, директно и непосредно се применува во прописите и другите акти на државните органи, што значи и на Законот за локалната самоуправа, при што зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“.

Имајќи го предвид наведеното, Судот оцени дека уставното решение содржано во Амандманот XXXIII на Уставот и во Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, е јасно и недвосмислено и не остава простор за дилема во неговата примена во Законот за локалната самоуправа сметано од 12 февруари 2019 година.

Притоа, создавајќи уставно пропишана обврска при примената на сите членови од Законот да се користи уставното име на државата, односно да се користат зборовите „Република Северна Македонија“ во сите акти и документи и во целокупната комуникација која се создава и практикува при имплементацијата на оспорените законски одредби.

На таков начин, според Судот, не се повредува начелото на владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Секоја употреба на други зборови, освен зборовите „Република Северна Македонија“ при конкретната имплементација на оспорените одредби од Законот за локалната самоуправа би била спротивна на Уставот, како највисок правен акт во хиерархијата на правниот поредок.

Во таа смисла, според Судот, носителите на јавни функции во Републиката и во општините, определени со Устав и закон, а избрани по 12 февруари 2019 година, своите свечени изјави за извршување на функциите ги даваат со новото уставно име на државата – Република Северна Македонија, согласно со амандманите XXXIII-XXXVI на Уставот.”

Previous articleСОНК ја загуби поддршката од ССМ: Штрајкот не е играчка – требаше да им кажат искрено на вработените што ги очекува
Next articleРадев: Ванчо Михајлов го спречуваше она што подоцна комунистите го направија во Македонија