Home News СОНК ја загуби поддршката од ССМ: Штрајкот не е играчка – требаше...

СОНК ја загуби поддршката од ССМ: Штрајкот не е играчка – требаше да им кажат искрено на вработените што ги очекува

Дарко Димовски, претседателот на ССМ, упати критики до претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков.

Во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“, Димовски рече дека штрајкот не е авантура и дека СОНК требало да им каже на просветните работници што ќе се случи доколку штрајкуваат.

– Ние на СОНК му дадовме безрезервна поддршка … се до вчера. Вчера не ми се допадна излагањето на претседателот Јаким Неделков бидејќи можеше барем да ја говори вистината до крај и кога ќе ги поведе луѓето на штрајк, зборувам за просветните работници, требаше да им каже што ќе се случи доколку штрајкуваат и кои се правилата на игра во штрајк-истакна Димовски.

Смета дека треба да им се помогне на работниците во овие тешки моменти на инфлација и криза, но вели дека ветувањата што синдикалците ќе ги дадат пред работниците треба да се темелат на закони и колективни договори.

– Секој има право да го оствари штрајкот, но мора да кажам – штрајкот не е авантура. Она што ќе го ветиш пред работниците како прв синдикалец, без разлика на која гранка припаѓаш, треба да го исполниш.

Тоа ветување треба да го базираш врз основа на закони, колективни договори и кога ќе го поведеш членството во штрајк, да останеш доследен синдикален лидер и да не се пазариш, туку доследно да ги применуваш законите и колективните договори, односно одредбите кои се пропишани во нив-рече Димовски.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски во денешното негово гостување во Утрински брифинг рече дека поддршката на ССМ за СОНК завршила.

Тој се осврна на генералниот штрајк на СОНК во образованието и за преговорите со Владата кои ги води Јаким Неделков и раководството на СОНК при КСС за повисоки плати на просветните работници и персоналот во детските градинки.

„Ние на СОНК му дадовме безрезервна поддршка, но тоа се беше до вчера.

Вчера воопшто не ми се допадна излагањето на претседателот на СОНК Јаким Неделков, затоа што сметам дека мораше да ја говори вистината до крај и кога ќе ги поведе луѓето на штрајк, говорам за просветните работници, требаше да им каже што ќе се случи доколку штрајкуваат и кои се правилата на игра за време на штрајк.

СОНК на чело со Јаким Неделков штрајкот го организира по основ на зголемувањето на минималната плата т.е нејзино усогласување. Ако СОНК штрајкува по Закон и ако му се прекршени правата по Закон, тоа не е така.

Законот вели – шест месеци има време, согласно членот од Законот за минимална плата, Владата и работодавачот да ја усогласат минималната плата или скалесто да се зголеми. Ние сме се согласиле така по Колективните договори.

Потребата да се случи промената ден побрзо, сега и веднаш е неопходно и за тоа ние му дадовме поддршка“, вели Димовски.

Previous articleМарија Шерифовиќ искрено прозборе како го преживеала разводот на родителите
Next articleГоран Милевски објасни зошто мора да се користи „Република Северна Македонија“, дури и во советите на општините