Цане Николовски (64) е македонски пејач, музичар, флејтист, кој во својата долга кариера бил вокал на групите „Мадригали“, „Гром“ и „Бонтон“.
Николовски, освен што е најмногу познат по новокомпонираниот хит „Жаклина“, испеан со „Елита“, тој мошне добро се снаоѓа и во други жанрови – рок, поп, народни изворни и новокомпонирани песни.
Во неговата биографија стои запишано дека има издадено 37 албуми со народна, поп и музика изведена на флејта. Десетина година Николовски живее во шпанскиот туристички град Аликанте, како професионален забавувач. Ангажиран е во различни локали и ресторани во градот.
И понатаму музиката му е професионална определба и снима албуми од различни музички жанрови, како и албуми на кои тој изведува музика со флејта.
Николовски првпат почнал да се занимава со музика во рокенрол-групата „Мадригали“, во која е член од 1975 година, а две години подоцна, на гитаријадата во Заечар, Србија освоиле прва награда од жирито, прва награда од публиката и прва награда на Радио-телевизија Белград.
Во 1979 година повторно настапиле на заечарската гитаријада и го освоиле првото место од публиката.
Во 1981 година групата настапила во центарот „Скендерија“ во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што ја исполнила „Плати една дупла и мрш да те нема“, што била прогласена за хит во поранешна Југославија.
Во 1991 година читателите на магазинот „Екран“ ќе ја изберат новокомпонираната „Жаклина“ за најслушана песна во 1990 година. Денес тој живее во Аликанте со сопругата Јованка и со ќерката Александра.
Тие што биле сведоци тврдат дека во 1991 година матурантите од престижната битолска гимназија „Јосип Броз Тито“, на прославата во еден од битолските хотели на секои пет минути барале од групата што ги забавувала да го свири новокомпонираниот хит во тоа време „Жаклина“.
Групата што го изведуваше овој хит во деведесеттите години на минатиот век се викаше „Елита“, а вокалот што ја испеа легендарната „Жаклина, љубов моја“ е битолчанецот Цане Николовски.
Тој денес живее во Аликанте, Шпанија, уште се занимава со музика, издава и албуми, но оваа урбана легенда уште се прераскажува во Битола“, пишува Република.мк во еден постар текст.
Интересниот музички пат на Николовски, кој смени неколку музички правци во животот – почна со рок, па преку поп продолжи со изворни народни, а потоа и новокомпонирани песни – бил сосема доволна причини една група ентузијасти од Битола да снимат документарен филм за Николовски, со наслов „Патот за Аликанте“.
Документарниот филм трае дваесетина минути. Го познавам Цане одамна. Првпат го видов во Домот на културата во Битола, во 1987 година. Потоа тој стана ѕвезда, пред сè благодарение на хитот „Жаклина“.
Со помош на социјалните мрежи се поврзав со Николовски, и направив интервју со него, кое помина одлично. Тоа ме натера да размислам за идејата да направиме документарен филм за човекот што ги минал речиси сите жанрови во музиката и бил успешен во секој од нив.
За одбележување е тоа што тој во Заечар, Србија, со својата група освоил прво место на гитаријадата и тоа од еден мал град од Македонија во тогашната Југославија – вели сценаристот на филмот Петровски.
Во документарниот филм говорат повеќе луѓе што го познаваат Николовски. „За ликот на Цане зборуваат членовите на „Мадригали“, Панде Димитовски, Валентин Соклевски, кој го напиша текстот за „Жаклина“, и уште неколкумина – вели Петровски.
Додека разговарал и интервјуирал луѓе за документарниот филм слушнал многу интересни и неверојатни приказни за Николовски.
– Интересна е приказната за тоа кога првпат членовите на „Мадригали“ ги забележале Цане и неговиот музички талент. Тие биле околу 20 години, а тој имал 13-14 години. Го виделе во паркот во Битола бос, како пее. Го викнале на аудиција, тој испеал неколку песни и го зеле во групата.
Првата свирка на Цане со „Мадригали“ била во битолското село Могила. Тој ден брат му на Цане се женел, правел свадба. Но, Цане не отишол на веселбата бидејќи имал концерт – раскажува Петровски.
Кај Петровски подолго време тлеела идејата да направи филм за познатиот битолчанец, но му била потребна екипа. “Снимени се веќе 15 минути, останува уште малку да се доврши и да остане работата во постпродукција – вели Петровски.
Можам да кажам дека Аликанте е идеално место за живеење затоа што ми ја исполни желбата за мирен семеен живот, но и за занимавање со музика на еден потивок и поинаков начин. За музиката нема граници. Ако е добро, не е важно на кој јазик пееш. Добрата музика секогаш ќе биде слушана – вели Николовски.
Е, токму песната Жаклина сега решил да ја преработи кој друг ако не Игор Џамбазов, и тоа во џез стил. Нашиот познат актер за оваа песна сними и спот, а деталите ги раскажа на неговиот Инстаграм профил.
– Конечно!!! Го завршивме спотот за “Жаклина”. Некогашниот огромен фолк-хит, доби и своја џез верзија во аранжман на @simeon.angelovski . Спотот е во режија на @trajkovski_goce_ , во продукција на @oxoproduction . Улогата на Жаклина ја толкува професорката @aaleksictatjana
На оваа објава му коментирал токму Цане Николовски кој напишал: Така е амиго Игор, хит на сите генерации, поздрав.
Она што може да се забележи на сликите кои Цане ги поставува на Фејсбук е дека тој сега изгледа одлично, дури и помладо од времето кога ја пееше „Жаклина“.
Инаку, Цане е веќе и дедо, а на неговиот Фејсбук профил има слика со внукот Виктор, кој минатата година наполнил 4 години. Сопругата Јованка е неговата најголема поддршка.