Home Live Верно го чува споменот на својот упокоен сопруг цела деценија, нашата легендарна...

Верно го чува споменот на својот упокоен сопруг цела деценија, нашата легендарна водителка, денес живее втора младост (ФОТО)

Стана телевизиски бренд поради нејзиниот течен говор, музичка писменост и харизматичност. Од „Видеометроном“ на тогашната Телевизија Скопје, до сценарист и заштитно лице на „Макфест“ цели 14 години- ова се само дел од нештата по која ја препознаваме Вера Јанковиќ.




Рокерка во душа, но љубител и на домашните и на екс-југословенски шлагери со кои пораснала, во 1984 година, Вера беше вокал на групата „Психо“, чиј басист беше нејзиниот покоен сопруг Зоран Јанковиќ- Бајо.

Со него, подоцна испишаа уште една скопска, градска историја, како сопственици на култниот ноќен клуб „Зи-Зи Топ“. Ведрата и позитивна Вера и денес го работи она што ја прави среќна, а со тоа ги прави среќни и луѓето околу неа.




Зад микс пултот, таа е диџеј, а од другата страна е жена која најмногу вложува во патувањата и убави парфеми“, има објавено Женски магазин за оваа наша позната водителка и диџејка.

– Практично, со отворањето на мојот култен клуб „Зи-Зи Топ“ започна и мојата кариера како диџеј. Период дефинитивно највозбудлив и најкреативен во мојата мултимедијална кариера.




Нема цена задоволството и целото музичко искуство да го споделуваш со огромниот број поклоници благодарение на нејзиното височество, музиката. Секој сет е моја драга страница од приказната која трае и ќе трае.

Уживам како тоа да ми е и самиот почеток на серијалот со кој ги споделувам музичките задоволства со армијата сладокусци на феноменот наречен ноќна магија. Единствен проблем ми се патувањата надвор од градов.




Не сум возач па морам куферите од опрема и дискови да ги разнесувам со возови, автобуси, хахаха.

Некогаш ја имам честа моите пријатели да патуваат заедно со мене, некогаш да ги впрегнат автомобилите и да поминат фантастична вечер со сосема различни гости и опкружувања од оние кои се секојдневие. Сума сумарум-за вистински работници не постои варијантата- „буцни прачка- пиј вино.“




Уф, сите телевизиски ангажмани ми се подеднакво драги и битни со целокупната кариера која започна во далечната 1984 година, со култниот „Видеометроном“ кој одеше на Југословенската радио-телевизија.

Секое понатамошно искуство ме направи помудра, спретна и препознатлива по енергијата која ме турна кон самиот врв на музичките проекти. „Макфест“ го оправда горе кажаното, цели 14 години редовен водител и сценарист,бренд на фестивалот. Животно искуство. Гордост.




Во неколку прилики, Вера Јанковиќ, со стари фотографии се присети на својот покоен сопруг, Зоран Јанковиќ- Бајо, кој овој свет го напушти пред нецели десет години, на 3 јули во 2012 година.

– Ми фали сето она што им фали и на сите „Зи-Зи“ поклоници. Пијаните ноќи како резултат на фантастичната дружба низ призма на беспрекорната музика која пак беше единствената спојка на сите збиднувања со вкупно 13-те години постоење на ова моќно , градско,македонско и светско збиралиште.




Ми фалат утрата по 6, моментот кога се сркаше првата чорба во „Бристол“ залеана со уште понекоја ракија (оти оние не беа доволни од убаини), првиот бурек кај Тетка во Кисела Вода (Таму цело Скопје, таа од под тезга вади љути пиперки за персоналот).

Утрата кога некој не стигнал до дома па заспал во околните жардињери, а ние купувавме наочари само за да можеме да се справиме со првото сонце кое ќе не огрее.




Доаѓаш дома полн себе, заспиваш, ја чекаш новата вечер која пак те уфрлува повторно и повторно во кругот кој ние го смисливме, оној кој ние го создадовме- затоа менувавме ден за ноќ, затоа бевме ЕКВ деца.

Фалат тие-„Зи-Зи“ и Бајо Јанковиќ моменти, остануваат спомените со кои полесно балансираме во одвратниов свет“, ги сподели Вера носталгично сеќавањата во интервју за Женски магазин.




Инаку Вера и Бајо биле во брак долго години, а потоа се разделиле, но останале пријатели какко што таа изјави. Сега, таа ужива во патувањата насекаде, работи како диџеј и уште изгледа како авион, како да живее втора младост.

Previous articleНа Ламбе му тргна- продолжува со настапи, еве со кој светски познат пејач ќе пее на иста сцена
Next articleМиионерка сум, но би го менувала богатството за деца, познатата фолк пејачка искрено кажа за што жали