Home News Данела до Таравари: Заврши нашата соработка, ти во Гостиваp да си поставуваш...

Данела до Таравари: Заврши нашата соработка, ти во Гостиваp да си поставуваш директори, не во Скопје

По немилиот настан кој се случи вчера, кога протестантите се движеа покрај „Мавровка“, најпрво лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на прес порача дека атакот бил насочен кон него.

Доцна синоќа, новинарот Фуркан Салиу објави статус во кој објасни дека на сопственикот на хотелот Де Кока, уште завчера му биле искрешени стакла и општетени автомобили на клиентите и дека неговата реакција била во заштита на негобиот имот.

Притоа Салиу не го оправда од одговорност Цуфи, но се запраша зошто на местото на мнастанот немаше повеќе полиција која ќе обезбедува, имајќи го во предвид тоа што се случило претходниот ден.

Градоначалникот на Гостивар и генерал секретар на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари смета дека вчерашниот инцидент кај плоштадот на споменикот на „Скендербег“ е провокација и „смислено сценарио на партиите на власт“.

– Ќе видите полицајци кои стојат и не реагираат, а плус има и луѓе блиски од ДУИ облечени во цивилна облека, рече Таравари на гостувањето во „Студио 10“ на телевизија 24.

Негов личен став е дека по вчерашното разрешување на в.д. директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје, чиј брат употреби пиштол во вчерашниот инцидент, Алијанса за Албанците треба да размисли за прекин на соработката со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Не оправдувам употреба на о rу жје, но да се провоцира? Луѓе сме, реагираме афективно. Лично мислам, а не во име на партијата, бидејќи има партиски тела кои ќе го кажат последниот збор, дека ваквиот начин на функционирање, не вреди да се одржува повеќе.

Треба сериозно да разгледаме и лично сум за повлекување на соработката со Арсовска, изјави Таравари.

На оваа изјава на потпретседателот на АА, Арбен Таравари, возврати скопската градоначалничка Данела Арсовска:

“Не ја разбирам вообразеноста и коментарите на господин Таравари, со оглед на тоа што соработката ни е завршена уште вчера.

Кадровски решенија може тој лично да си поставува во Гостивар, а не во Скопје“ – порача скопската градоначалничка Данела Арсовска.

„Со личност која напаѓа, која нема етички компас, оправдува во било која форма насилство и напад со огнено оружје како во вчерашниот инцидент и подгрева меѓуетнички тензии, нема основ да се соработува.

Скопје е град на соживот, солидарност, во кој нашите сограѓани треба мирно и безбедно да живеат и да се почитуваат.” – порача Данела Арсовска, а пренесе прес 24.

Previous articleТрифун Костовски: Партиите да се тргнат настрана – Македонија и Македонецот имаат предност
Next articleНајнова измама која Македонците кои лeтуваат во Гpција мора да ја знаат (ФОТО)