Home News Џамбаски им се наврте и на Србите: Нема место во ЕУ за...

Џамбаски им се наврте и на Србите: Нема место во ЕУ за Србија – објасни зошто

Претседателот на Србија рече дека Северна Македонија и Албанија заслужуваат почеток на преговорите за членство во ЕУ. Според Вучиќ, овие две земји одамна го заслужија членството заради својата посветеност, постигнатите резултати исполнувањето на се она што го бараа од нив.

– Јас за разлика од сите други не можам да зборувам на таков начин и немам право да зборувам на таков начин. Немам право да се мешам во внатрешните работи на македонските граѓани, народот и би било нефер да се однесувам онака, како и сам не сакам да се однесувам пред српските граѓани, рече Вучиќ.

Тој ги повика македонските граѓани, разумно да ги постават работите, бидејќи само така ќе сфатат што добиваат, а што може да изгубат со почетокот на преговорите со Унијата, посочувајќи дека европскиот пат е тежок, но напредокот на земјата ќе биде од суштинска важност за сите.

– Што ви е алтернативата? Дали ќе ве оптоваруваат на секое следно? Секако. Ќе прашуваат Бугарите за нешто, ќе прашуваат други за нешто друго. Секогаш нешто ќе се најде.

Но, туркајте ја својата земја напред. На крајот дали некој ќе ви отвори кластер повеќе или кластер, помалку не е суштинско прашање, не е најважно. Но, добро е да бидете на европскиот пат, добро е да се отвораат можности за привлекување на инвестиции. Тоа е важно, тоа е добро, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ истакна дека Република Србија за разлика од Северна Македонија останала без дел од територијата, но иако тоа Србија не го прифаќа сепак чекори напред кон иднината.

– Нас ни одзедоа значаен дел од територијата, вас тоа не ви го направиле. Така што, без оглед на тоа ние прифативме и тераме напред, иако не го признаваме независно Косово, не прифаќаме се што ни нудат низ поглавјето 35, но дали мора да истрпите некогаш и некои лоши работи, да морате.

Мислам дека е најважно луѓето да ја знаат вистината, дека никој не ги манипулира со големи слики дека ќе тече мед и млеко затоа што нема ни вака ни така. Но, дали е полесно доколку имате отворени преговори, веројатно ќе биде економски полесно. На основа на тоа луѓето може да мерат, рече Александар Вучиќ

Претседател на Србија нагласи и дека имам нешто што сака да им го порача на луѓето во земјава.

– Србија не сака ништо од Северна Македонија. Ние ве доживуваме вас како наши браќа, нас не ни треба територија од Северна Македонија, нас не ни треба јазикот, го признаваме македонскиот јазик.

Нас не ни треба црквата, ја признаваме македонската црква. Нас не ни треба ама баш ништо, освен пријателство и добри соседски односи. Тоа е единственото што ни е потребно“, рече Вучиќ.

Соседна Република Србија пред шест месеци и официјално влезе во нова фаза од преговорите за пристап во Европската Унија, отворајќи го Кластерот четири.

Порката на Вучиќ доаѓа во мемент кога во нашата држава се води дебата за францускиот предлог.

По оваа изјава на Вучиќ, денес Ангел Џамбаски, бугарскиот пратеник на ВМРО во Европскиот парламент, ја нападна Србија изјавувајќи дека за неа нема место во Европската Унија бидејќи прави провокации во Косово и Босна и Херцеговина, пишува „Б92“.

„За Србија нема место во ЕУ, Србија прави провокации во Косово, Србија прави провокации во Босна и Херцеговина. Србија ја поддржува руската пропаганда за време на војната во Украина. Србија планира во Ниш да го изгради најголемиот руски шпионски центар во Европа“, изјави Џамбаски.

Тој додаде дека „Србија ги поттиснува Хрватите и Бугарите“ и дека „гледа како да ги асимилира и протера“.

„За Србија, која ја спроведува политиката на Кремљ и Путин, нема место во ЕУ. Разберете го тоа“, рече Ангел Џамбаски.

Видеото од неговиот настап, можете да го видите ТУКА

Previous articleПо двапати месецот идеше од Геpманија, ама откако затруднев и неќев да се чиcтам него го снема
Next articleСи ги собра парталите и никогаш не се јави, Кеба проговори навистина што правела Северина