Home News Ковачевски: Не наседнувајте – денес ве поттикнуваат, веќе утре се повлекуваат и...

Ковачевски: Не наседнувајте – денес ве поттикнуваат, веќе утре се повлекуваат и оградуваат од вас

По немилите сцени од вчера и завчера, денес на социјалните мрежи најпрво се огласи Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а потоа и ппремиерот Димитар Ковачевски.

„Уште еднаш би сакал да упатам силен апел до граѓаните и политичките партии коишто сакаат да го искажат своето право на протест, истото да го сторат на начин преку кој ќе демонстрираат демократски капацитет, со должно почитување на законските одредби за јавни собири, како и почит кон должноста на полициските службеници во обезбедувањето на мирот и стабилноста.

Сакам да бидете уверени дека никој нема намера да спречи право на мирен протест, тоа е она што се очекува во една демократија.

Нападите коишто имаат за цел да предизвикаат меѓуетнички препукувања и ескалации од друг тип, на никој начин не можат да придонесат во демократско општество, туку напротив, претставуваат сериозен удар за демократијата и со тоа нема ништо да се постигне.

Тоа е, едноставно, спротивно на сѐ она за коешто се залагаме во градењето на нашата држава. Република Северна Македонија е земја на секој еден граѓанин, втемелена на нашиот концепт „Едно општество за сите”, од кој не отстапуваме, туку ќе продолжиме да го промовираме и афирмираме.

Затоа, очекувам сите политички партии да бидат на ниво на својата одговорност и да повикаат на мирни протести. Заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а притоа да се спречат немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата“, напиша меѓудругото Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Се огласи и премиерот Димитар Ковачевски:

„Почитувани граѓани, Најостро ги осудувам вчерашните настани кои за голема среќа не резултираа фатално за граѓаните.

Никаков револт не може да оправда употреба на ог нено ор уж је од страна на цивили, каменување, оштетување државен имот, посегнување по нечиј живот.

Изразувањето незадоволство преку мирно протестирање е уставно загарантирано право и оваа Влада досега повеќе пати покажала и докажала дека демократијата е во рацете на граѓаните и никој нема да им го ускрати тоа право.

Но, ом разата и нас илството не биле решение и никогаш нема да бидат решение за ништо. Од последните случувања, и хулиганското однесување на улица има само еден губитник, а тоа е Република Северна Македонија.

Ги повикувам политичките чинители да не ги вовлекуваат граѓаните во насилни протести, давајќи им лажни ветувања. Ваквите сценарија веќе ни се добро познати на сите нас.

Вчера видовме страшен пример за политичари кои имаа несовладлива склоност да играат улога на жртва, поради голема желба за моќ.

Ваквите „игри“ го покажуваат вистинското лице на оние кои се кријат позади народот. Еден ден ги потикнуваат на радикализам, веќе следниот се повлекуваат и оградуваат од граѓаните кои претходно ги изманупулирале.

Ним сакам да им порачам – кр вав ите сцени во законодавниот дом, на улиците низ државата, се едно минато време кое е зад нас и на кое никогаш нема да дозволам да се вратиме.

Сегашноста ни укажува на други приоритети, а тоа се хармонија и просперитет. Во Република Северна Македонија институциите функционираат, оттука секој проблем, прашање, се решава низ дијалог.

Така функционира земја членка на НАТО, така функционира земја чија иднина е ЕУ, така функционира и Северна Македонија.

Почитувани граѓани, Во ниту еден момент како Влада не сме го довеле под знак прашалник македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Наша обврска е да го сочуваме достоинството на граѓаните и тоа го правиме. Ние сме европска влада и се залагаме за европски вредности“, напиша премиерот Димитар Ковачевски во статус на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleМицкоски: Во овој парламентарен состав, од нашите редови нема предавници, ви гарантирам
Next articleНашата водителка Јелена Богојевиќ е копија на мајка cи – така и самата вели (ФОТО)