Home News Најнова измама која Македонците кои лeтуваат во Гpција мора да ја знаат...

Најнова измама која Македонците кои лeтуваат во Гpција мора да ја знаат (ФОТО)

По последните две пандемиски години, кога влезот во Грција беше условен со тестови и доказ за имунизација, оваа година туристите од Македонија и Србија ги преплавија грчките плажи.

Благодарение на многуте групи на социјалните мрежи, туристите се информираат какви се цените, каде има гужва, каде може да се најде добро сместување, но и околу измамите кои се случуваат во целиот Свет, па и во Грција.

Па така, вчера српска туристка објави дека била цел на измама, кога на социјалните мрежи купила аранжман за сместување, кој бил лажен.

Но ова подолу, е нешто многу посериозно и треба да му се обрати поголемо внимание.

Една членка на Фејсбук групата „Грчка инфо“ објави што и се случило на одмор и како за малку ќе станела жртва на меѓународни измамници.

Мирјана отишла во станот по денот поминат на плажата Ковиу, за потоа на својот автомобил да најде рачно напишана белешка.

– Поздрав! Ти го удри мојот автомобил. Те молам јави ми се. Нико од Романија. Ќе одам во полиција ако не ми се јавиш. Имам сведоци – стои во пораката со телефонскиот број.

Таа и останатите членови на оваа Фејсбук група споделија фотографија со содржината на пораката, предупредувајќи ги нашите туристи да бидат дополнително внимателни и да учат од нејзиното искуство.

– Предупредување! Внимавај. Ловци во темнината. Ние бевме единствените на паркингот кога стигнавме бидејќи бевме рано. Јас сум сведок и осум од нив – напишала Мирјана, нагласувајќи дека се работи за класичен обид за измама. На нејзиниот автомобил немало траги од наводниот судир.

По нејзината објава, коментарите дојдоа во серија. Додека некои членови на групата се убедени дека се работи за телефонска измама, други не ја исклучуваат можноста измамниците да се всушност крадци кои само сакале да ја извлечат од станот за да можат непречено да го извршат грабежот.

– Убаво го носиш во полиција и толку – е коментарот на еден корисник на оваа социјална мрежа.

– Не паѓајте на вакво нешто. Веднаш пријавете го во полиција, бидејќи ако не пријавите, ќе се најде некој што ќе биде измамен и ќе му биде скратен целиот годишен одмор – советува друг корисник.

– Им се јавуваш и ти земаат пари од телефонот. Најчесто, машината ве држи поврзани некое време и не можете да се исклучите.

Се наплаќа по меѓународна стапка и ти земаат одредена сума пари која подоцна ја наплатуваат преку мобилниот оператор. Тие може да ги преземат сите податоци што ги чувате на вашиот телефон преку софтверот.

Грижете се за вашите паметни телефони кога одите на одмор бидејќи тие се потенцијална мета на напад, не поради уредот, туку поради сето горенаведено – вели друг член на популарната група на Фејсбук.

Previous articleДанела до Таравари: Заврши нашата соработка, ти во Гостиваp да си поставуваш директори, не во Скопје
Next articleАнтонио Милошоски соопшти кои точки од договорот се спорни за ВМРО-ДПМНЕ