Home News Пред малку се огласи министерот Оливер Cпасовски и предупреди: Да повредиш полицаец...

Пред малку се огласи министерот Оливер Cпасовски и предупреди: Да повредиш полицаец е како да си кренал рака на државата

По немилите сцени кои се случуваа изминатите два дена во главниот град, денес стигнаа пораки за смирување на тензиите од повеќе страни.

Најпрво завчера, пред Собранието се случи близок контакт меѓу полицијата и лица за кои опозициските партии предупредија дека не се од нивните редови, туку се уфрлени провокатори, кои имаат за цел да кренат тензија и да се нарушат мирните протсети.

Потоа, вчера, се случи немилиот настан кај трговскиот центар Мавровка, за кој лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски обвини дека бил акт, кој би насочен директно против него.

Се испостави дека човекот, сопственик на хотел во Мавровка е брат на директорот на скопското комуналчно претпријатие, кој вчера беше сменет од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, факт за кој Мицкоски рече дека не игра никаква улога.

Пред продолжувањето на протестите денес, на социјалните мрежи се огласи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски:

„Уште еднаш би сакал да упатам силен апел до граѓаните и политичките партии коишто сакаат да го искажат своето право на протест,

истото да го сторат на начин преку кој ќе демонстрираат демократски капацитет, со должно почитување на законските одредби за јавни собири, како и почит кон должноста на полициските службеници во обезбедувањето на мирот и стабилноста.

Сакам да бидете уверени дека никој нема намера да спречи право на мирен протест, тоа е она што се очекува во една демократија.

Нападите коишто имаат за цел да предизвикаат меѓуетнички препукувања и ескалации од друг тип, на никој начин не можат да придонесат во демократско општество, туку напротив, претставуваат сериозен удар за демократијата и со тоа нема ништо да се постигне.

Тоа е, едноставно, спротивно на сѐ она за коешто се залагаме во градењето на нашата држава. Република Северна Македонија е земја на секој еден граѓанин, втемелена на нашиот концепт „Едно општество за сите”, од кој не отстапуваме, туку ќе продолжиме да го промовираме и афирмираме.

Затоа, очекувам сите политички партии да бидат на ниво на својата одговорност и да повикаат на мирни протести. Заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а притоа да се спречат немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата.

На крајот би сакал да потенцирам – да повредиш полицаец, значи да кренеш рака врз државата, врз синот и братот кои извршуваат службени дејствија со цел гарантирање на сигурноста и безбедноста на сите.

Повикувам на свесност и одговорност во протестите – нека победи разумот!“

Previous articleАнтонио Милошоски соопшти кои точки од договорот се спорни за ВМРО-ДПМНЕ
Next articleВреди милиони, а некогаш живееше во интернат: Ова е целата приказна за Душко Тошиќ, бившиот на Карлеуша