Home News Трифун Костовски: Влакно не му фали на Љубчо, а јас парите ги...

Трифун Костовски: Влакно не му фали на Љубчо, а јас парите ги заработив надвор и ги донесов во Македонија

Познатиот бизнисмен Трифун Костовски, кој своевремено беше и градоначалник на Скопје, синоќа гостуваше во емисијата „Во Центар“, кај новинарот Васко ефтов и одговори, како што рече новинарот, на многу прашања кои граѓаните би сакале да му ги постават.

Костовски последните две години, ги преживува најтешките моменти во неговата професионална кариера, по затворањето на неговата „Еуростандард“ банка, потег со кој Костовски до денешен ден не се согласува и инсистира на фактот дека банката можела и требала да биде спасена.

Трифун Костовски во интервјуто проговори за неговите почетоци во „Технометал Вардар“ и напомена дека не било се „розово“ како што мислат луѓето, дека тој преку ноќ се збогатил, туку тоа било процес кој траел со години.

Тој почнал како млад референт и со години макотрпно работел, а неговиот труд бил вреднуван и во 1983 година бил испратен како делегат на компанијата вио Полска.

-Видете, во тоа време, како делегати во светот беа испратени две илјади луѓе. Не бев само јас, или само ние неколкумина за кои зборува јавноста, кои успеавме да се реализираме како успешни бизнисмени.

Ние успеавме затоа што вредевме и умеевме да се снајдеме во бизнисот, вели Костосвски, кој напоменува дека неговиот приватен бизнис бил во сосема друга насока од она што го работел за Технометал.

Во едно минато интервју кај Васко Ефтов, поранешниот висок функционер во службите Александар Диневски, кажа дека во комунистичкиот систем, не можело било кој туку-така да биде преставник, па дури и трговски надвор од Југославија, а без за тоа да знаат или да го реализираат службите.

Притоа, Диневски рече дека преставниците во странство биле задолжени и да праќаат разузнавачки извештаи и притоа ги спомена овие познати бизнисмени.

Ова прашање на Трифун Костовски му го постави Васко Ефтов, а Копстовски најпрво го негираше, напоменувајќи дека неговиот татко бил обичен службеник во Воена болница.

Подоцна рече дека кога бил испратен како делегат во 1983 функционирало тоа правило, но сепак, остана недоречен, а новинарот Ефтов не инсистираше на одговор, па остана нејасно дали тоа било така или не. Можеби во вториот дел од интервјуто во недела, ќе биде конкретно одговорено на ова прашање.

Трифун Костовски напомена дека во минатото, нема партија на која не и помогнал финансиски, исто како што помагал на секого кој ќе му побарал помош.

Еден дел од разговорот беше посветен на масонеријата, а тука Костовски со гордост зборуваше и го потенцираше фактот дека масонската ложа од Македонија, постигнала голем успех во англиската матица и котирала високо на скалата, поради сложноста на 23-цата членови кои максимално се поддржувале меѓу себе.

Масонеријата е една нова религија, но не во буквална смисла, таа нема свој Бог, туку се заснова на работа и градење, помагање и видна и позитиовна улога во општествениот живот, рече Трифун Костовски.

На прашањето на новинарот Васко Ефтов, дали Костовски бил милијардер, или само милионер, Костовски одговори дека бил милионер, кој ги заработил парите надвор и ги донел во Македонија.

-На пример, еден Љубчо Георгиевски, кажува дека е богат колку средно успешен македонски бизнисмен, а сите знаеме што работел и него до денешен ден влакно од главата не му фали, рече Костовски.

За разлика од него, јас моите пари ги заработив во странство и ги донесов во Македонија, каде патем изгубив преку сто милиони евра, рече Трифун Костовски.

(за волја на вистината, Љубчо Георгиевски неколку пати има кажано дека поседува градежна компанија која гради згради, можеби Трифун Костовски не слушнал за тоа).

Интервјуто со Трифун Костовски, каде изнесува многу пикантерии од неговиот живот, проследете го ТУКА.

Previous articleОчевидец раскажа што точно се случило во Грција: Детето го понесе струја со душекот, а дедото се упокои најверојатно од грижа
Next articleЛамбе во друштво на најпознатата пејачка, погледнете како ги ќарија погледите на публиката (ФОТО)