Home Live Денис Космонаутко откри како успеал 27 месеци да се заштити од вирусот

Денис Космонаутко откри како успеал 27 месеци да се заштити од вирусот

Денис Јанкуловски, познат и како Космонаутко, кој неуморно на терен собира брисеви од граѓаните за да се тестираат дали се позитивни на вирусот, како што е познато е еден исклучително позитивен лик.

Тој има своја пасија во која ужива и јавноста, а тоа е пеењето. Изминатово лето, тој имаше официјален настап пред публика во живо, и тоа ни помалку ни повеќе, туку со популарните Дац и Александар.

Инаку, како што е познато, Денис Јанкуловски секое утро своите пријатели и следачи на социјалната мрежа фејсбук ги забавува со свои изведби од познати песни и рефрени, што со текот на времето стана и негов своевиден заштитен знак.

Дел од песните што тој гии всушност ги посветува на својата сопруга Билјана. Во Женски магазин, тој раскажа како ја „ќарил“ неговата сопруга.

– Дефинитивно таа е не само мојата поддршка туку моето Се`. Целиот овој кор-онски период заради моите отсуства од дома таа ги презеде сите функции во домот, таа е и мајка и тако, таа е одговорна за набавки, буквално за било што.

Има разбирање за тие мои отсуства, знае што работам, гледа дека ритамот се промени, за да бидам ефективен во работата мора да бидам одморен. Таа ми е ветер во грбот.

Се запознавме додека беше на студии во Скопје, студентска љубов на прв поглед. Имавме заеднички другари и така настана спојката. Кога таа стана апсолвентка требаше да се прибере дома во Охрид и да доаѓа само за испити.

Тоа значеше „љубав преко жице“, што некако не ми фаќаше око. И некако спонтано, онака двајцата со истата идеја да бидеме заедно. И сме. Јас дефинитивно бев посрамежлив тогаш. Па за некои работи „околишаш као киша око Крагујевац“, па опипуваш терен.

Има една смешка од периодот додека бевме тазе, на почетокот. Ме праша дали пијам турско кафе, јас, нормално како од пушка викам ДА. Ми вели, без шеќер? Ауууу, строго без викам. (инаку пред ова прашање немав ни голтка пробано, ама све за љубав хаха).

И пијам така извесен период, работава станува сериозна и еден ден и` реков, бидејќи сме за везден де тури шеќер во ова пелинов. Па нели пиеш горко?

Викам, абе сестро златна, не само што не пијам горко туку ни турско не пијам. Испив уште некое кафе, оттогаш повторно не пијам. Значи ако може да биде ова „финтата“ за успешна мисија, тогаш ете ја“, рече Денис во Женски магазин.

Денис Космонаутко е еден меѓу ретките од нашата држава кој искрено и несебично им помага на луѓето во бор бата со вирусот.

Тој редовно објавува статуси на својот профил и раскажува интересни случки или споделува нешто од неговиот приватен живот.

Пред 1 час, Денис објави дека ја примил 4 та доза што е многу ретко тоа да го направи некој кај нас. Во неговиот статус кој може да го прочитате подолу објави зошто го направил тоа:

,,Од дневникот на Космонаутко или ” Денов нека се уБоде”
Зошто решив да примам 4та доза…….Не е ова за да убедам некого, сметам дека секој има право на одлука особено кога не е задолжителна, одамна го кажувам тоа, а и моите ставови за вакцинацијата веќе се добро познати. Еднаш еден ме праша, Денко што мислиш за вак циниве? Му викам, имам 3 дози примено, доста е како одговор така

27 месеци, посетени стотици и стотици домови, институции, установи и уште траат посетиве, извозени илјадници километри буквално во цело Скопје и околината,

земени околу 12-13000 брисеви, голема бројка на директни контакти со позитивни (заштитен, но никогаш не се знае), ниту еднаш за разен или со симптоми кои би укажале на можност и сомневање за ко вид,

трипати вак циниран за себезаштита, за заштита на моите и секако на оние на кои им земам брисеви затоа што спред мене тоа и се очекува.

27 месеци успеав на вирусот да му откажам гостопримство. Така планирам и понатаму да бидам – негов недомаќин.
Е затоа 4та доза

Вак цинирани, невак цинирани, нерешителни кои може ќе се премислат, но и оние кои нема да се вак цинираат – на сите им посакувам да не се дружат со ова вештеркава, но и да се случи таа дружба да биде кратка, лесна по форма и брзо заборавена. Чувајте се,” напиша Космонаутко.

Previous articleЛамбе во друштво на најпознатата пејачка, погледнете како ги ќарија погледите на публиката (ФОТО)
Next articleВистината на виделина: Вонбрачниот син на Мирослав Илиќ живее во луксуз- не го бараше татко му за пари, му требаше само татковска љубов