Home News Никола Груевcки објaви фотогpафија со Шинзо Абe и откpи каков подаpок добил...

Никола Груевcки објaви фотогpафија со Шинзо Абe и откpи каков подаpок добил од него пpи нивната cредба

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе се упокои денес, откога беше за стре лан во текот на говор во градот Нара.

Напаѓачот веднаш беше уапсен. Се работи за поранешен припадник на јапонските поморски одбранбени сили.

Тој е идентификуван како Тецуја Јамагами (41). На фотографиите од местото на случуваањата се гледа како напаѓачот стои зад Абе сѐ додека тој се качува на бината за да одржи говор.

Поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес му посвети статус на Шинзо Абе и се потсети на нивната меѓусебна средба во Јапонија, на која Груевски добил подарок но и ветување околу нашето име, кое Абе го исполнил:

„Ку кавичко и подмолно од зад грб ув иство на поранешниот и еден од најуспешните јапонски премиери во тек на изборна кампања.

Шинзо Абе беше пријател на Македонија. Се сретнавме при мојата официјална посета на Јапонија на 1.Јули 2014 година, кога бев во комбинирана политичко-економска мисија во таа земја.

Имавме многу теми кои ги дискутиравме, но паметам дека образложив и замолив Јапонската влада да донесе одлука со која ќе ја признае Македонија под уставното име – Република Македонија, наместо како претходно под привремената референца ПЈРМ.

Одговорот беше воздржан и без брзи ветувања, во духот на јапонската култура информирајќи ме дека ќе го разгледаат тоа наше барање.

Околу два месеци подоцна во мојата канцеларија во Скопје пристигна висок дипломат на јапонската влада кој ме извести дека нашето барање е прифатено и одлуката за признавањето е донесена, дека од тој момент па натаму ќе не ословуваат под уставното име и замолија одлуката да остане тивка, за да не се иритираат нашите јужни соседи.

Така и бидна, ниту ние, ниту тие објавивме, но од тој ден па се до одлуката на актуелната власт да ја преименува државата, не нарекуваа како што стоеше во нашиот устав и како што сакавме и баравме ние: Република Македонија.

Пред некоја година по осум години непрекинато и девет години со прекин водење на јапонската влада се повлече од премиерската функција заради здравствени причини, но остана во политиката.

Дресот на јапонската репрезентација со број 20 кој во таа прилика ми го подари секогаш ќе ме потсеќа на еден мудар, скромен и тивок човек и лидер кој одбележа една епоха не само во Јапонија туку и на светско ниво, кој исполнуваше повеќе одколку што ветуваше. Нека почива во мир.“

Previous articleСефер: Драги браќа Македонци, не се кpиви Албанците, ниту другите етнички заедници – вие треба да си решите
Next articleБорјан до Пендаровски: Вие го кажувате она што опозицијата го говори