Home News Сефер: Драги браќа Македонци, не се кpиви Албанците, ниту другите етнички заедници...

Сефер: Драги браќа Македонци, не се кpиви Албанците, ниту другите етнички заедници – вие треба да си решите

Во Скопје, а од денес и во други градови, како и на автопатите, се одржуваат протести против францускиот предлог, за решавање на спорот со Бугарија.

Една од главните цели на опозицијата е Бујар Османи, Министерот за надворешни работи, кој по својата функција е носител на процесот на преговори со Бугарија и ЕУ.

Од неговата партија, Демократската Унија за интеграции, сметаат дека на си лните протести деновиве се објективен одраз на тенденциите за дезориентација на земјата од европскиот пат и јасно демаскирање на регресивните сили кои не штедат средства да ја спречат земјата во остварувањето на сонот за европска интеграција“.

„Во решавачките моменти за доброто на земјата и граѓаните, ДУИ заедно со коалициските партнери е силно позиционирана на страната за стабилност и напредок на земјата, без друга алтернатива, онаa за партнерство со Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, велат интегративците.

„Секое изразување на на силство не може да ги исплаши граѓаните со кои заедно во овие две децении ги изградивме темелите на здравото општество преку, Охридскиот договор за еднаквост и меѓусебно почитување, Договорот од Преспа кој ни ги отвори вратите на НАТО и решавањето на спорот за автокефалноста на Православната црква“, се вели во соопштението.

Бизнисменот Сефер Цаноски, кој многу често преку социјалните мрежи ги искажува своите ставови за општествените случувања, денес на својот профил на социјалните мрежи, упати апел до Македонците:

-Драги браќа Македонци, Вие сте тие што треба да ги средите работите во државава и никој друг.

Не се криви Албанците ниту пак останатите помали етнички заедници, тие не се проблем и тие не можат да најдат решение затоа што масата односно поголемиот процент во државава се македонци и тие ја имаат најголемата одговорност денеска.

Се покажа изминативе години кому најмногу одговара кога внатре македонецот е поделен и кога не знае државата каде тера. На тој начин се станува народ без грам доктрина и визија за иднината.

Решението е македонецот да седне на маса и да најде солуции за круцијални и долгорочни работи кои ја засегаат иднината на сите. А најмногу на нашите деца.

Преку комуникација да се заштитат интересите на напатениот народ и држава. Потребно е лидерство и решение каде нема да има предавници и јунаци!

Помирете се. Комуницирајте. На тој начин ќе донесете поквалитетни решенија за иднината.

Образованието, здравството и сите сектори ни се коруптирани и испартизирани.

Како да не ни е гајле што им оставаме на нашите деца и генерации, кои патем тие треба да бидат утре доктори во истите болници или во останатиот дел од системот полн со рушевини кои им ги оставаме.

Затоа децении гледаме како си одат надвор, претежно во истата Европа и прекуокеанот- далеку од дома.

1. Зарем не патеше доволно нашиот народ ?

2. Кои се нашите национални и општествени интереси или црвени линии?

3. Која е нашата иднина како народ и држава?

4. Одиме кон цивилизираниот свет или кон некоја друга опција и правец ?

Previous articleПендаровски: Дојдени се луѓе од други земји со намера да провоцираат
Next articleНикола Груевcки објaви фотогpафија со Шинзо Абe и откpи каков подаpок добил од него пpи нивната cредба