Home News Борјан до Пендаровски: Вие го кажувате она што опозицијата го говори

Борјан до Пендаровски: Вие го кажувате она што опозицијата го говори

Претседателот на држвата, Стево Пендаровски, синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори опширно и отворено за францускиот предлог.

На прашањето на новинарот, дали можеби се размислува за алтернатива на ЕУ, Пендаровски рече дека Европската Унија е сè уште најдобрата опција за Северна Македонија.

Како што рече, тоа е така бидејќи не можеме сами да се спротиставиме на глобалните трендови.

„Мене ми забележуваат за моја неодамнешна изјава, дека сме само 1.8 милиони и ќе повторам, тоа е факт. Исто како што е факт дека ние немаме сопствени ресурси и сме зависни во тој поглед.

Многу е подруго кога си дел од европското семејство, па имаш пристап до заедничкиот „куп“. Еве на пример да се потсетиме на пандемијата и вакцините, рече Пендаровски.

Ние не сме со пропорции како Кина, па да речеме не ни треба здружување“, рече Стево Пендаровски.

Пендаровски потоа го објасни и вториот, модифициран предлог, кој за разлика од првиот опфаќа почнување на преговорите, веднаш со скрининг, кој ќе трае околу 12 месеци.

-По тој скрининг, ќе треба да се смени уставот, за да се продолжи понатаму, рече Пендаровски.

Во врска со промената на уставот, Стево Пендаровски посочи дека тешко дека ќе дојде до 2/3 мнозинство за внестување на Бугарите во Уставот.

Според него, Бугарија бара работи за кои знае дека не може да се исполнат.

„Просто е невозможно да направиш 2/3… Во наредниот период и години, еве и денешнава опозиција ако биде на власт, повторно не можеш да направи самата 80 гласа за прашање за кое и ти самиот констатираш дека е преседан од невидени размери“, вели Пендаровски.

Шефот на државата, Стево Пендаровски, во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека дел од причините зошто Северна Македонија во овој период стана толку важна во агендите на европските лидери е срамот дека ЕУ не испорачала.

„Мислам дека има два момента, нагаѓам, бидејќи се тоа нивни мотиви, не можам да ги знам. Да ме прашувате за моите мотиви ќе ми биде полесно да одговорам.

Прво, нив им е срам што државата која го промени своето име, единствена во светот, се уште не може да почен преговори. Срам им е не затоа што чекаме 17 години, туку чекаме со небулозни образложенија – надвор сме со небулозни образложенија.

Ние имамвме референдумско прашање во кое и ЕУ беше спомната еднакво и веднаш до НАТО членството.

НАТО испорача, ЕУ не испорача, притоа да не се залажуваме, бугарската блокада следеше откако веќе имаше некажана француска блокада која побара нова методологија, која ја носеа таму, грубо да не кажам – ја квачеа шест месеци и по која, три години подоцна ниту Србија, ниту Црна Гора не почнале практично да преговараат.

Таа методологија беше најавувана како нова методологија која не само што ќе ги забрза преговорите, туку и дека ќе даде видливи резултати од поглавје до поглавје, од фаза до фаза…. “ рече претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот објаснуваше дека во понатамошѓниот процес на преговори со ЕУ, Бугарија ќе може во секој момент да не блокира, за било што, на што новинарот Борјан Јовановски му напомена дека тој зборува исто како опозицијата, која го има овој став.

-Не, вака, и Хрватска и Словенија имаа спор, но тогаш се вклучи ЕУ со арбитража и се реши тоа, рече Пендаровски.

Интервјуто можете да го погледнете ТУКА

Previous articleНикола Груевcки објaви фотогpафија со Шинзо Абe и откpи каков подаpок добил од него пpи нивната cредба
Next articleСрбинка и Хрват по 24 години се најдоа на Фејс – за оваа љубов сите зборуваат