Home Live Британcки медиуми раcпалија по Ѓоковиќ Ноле и жена му: „Забегани“ се и...

Британcки медиуми раcпалија по Ѓоковиќ Ноле и жена му: „Забегани“ се и двајцата

Новак Ѓоковиќ без многу проблеми ја реши и претпоследната пречка до нов трофеј на Вимблдон. Во полуфиналето српскиот ас со 3-1 во сетови го совлада домашниот тенисер Камерон Нори и е на праг на одбрана на титулата во Лондон.

Во финалето ќе се бори за седмата титула на Вимблдон, а противник ќе му биде Ник Кирјиос, кој поради откажувањето на Надал без борба се пласира во мечот за титула.

„Нашиот однос значително се подобри од јануари. Кога поминував низ тешки моменти, тој беше еден од ретките кои застанаа покрај мене. Тоа е нешто што го ценам и почитувам во голема мера“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Кирјиос досега се сретнале два пати и изнендаувачки фаворизираниот Србин не освои ниту еден сет.

Инаку, во пресрет на финалето на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ се најде на удар на британските медиуми. Тие ја нападнаа и неговата сопруга Јелена.

Со зборовите „извртен“ и „извртена“ таблоидот ДејлиМејл проба да ги исмее ставовите на Новак и Јелена во врска со вакцините, 5Г мрежата и короната, пренесува Мондо.

„Новак е еден од најголемите спортисти на овој век и за тоа нема збор, но се поставуваат многу прашања за неговите убедувања за тоа како тој го достигнал врвот.

Неговиот фанатичен нагон за постојано самоподобрување се рефлектира и во опсесивната љубопитност за неговата физичка и ментална благосостојба“, се вели во статијата.

„А исто како и нејзиниот сопруг, Јелена Ѓоковиќ (35) има цела низа извртени верувања и дури споделува теории на заговор со нејзините илјадници следбеници на Инстаграм.

Во април 2020 година, нејзината објава за 5Г мрежата беше означена како лажна информација и оваа мајка две деца се опишува себеси како слободоумна личност, која има ненаситна глад за знаење“, продолжува текстот.

„Чудната сопруга на Новак беше успешна манекенка која се појави во неколку престижни кампањи. Но, покрај убавината има и мозок и диплома од Милано.

Тие се сакаат уште од тинејџерските денови и се венчаа во јули 2014 година во Свети Стефан.

Јелена тогаш беше бремена, а моментално ја води Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, која се занимава со образованието на децата од непривилегираните заедници.

Често ја гледаме на трибините, каде што не може да го задржи мирниот израз на лицето, и е на работ од солзи или пак луто реагира на одлуките на судиите.

Еднаш таа рече дека не може да ги контролира емоциите додека го гледа сопругот, бидејќи сака тој секогаш да биде среќен“, заклучува статијата.

Статијата завршува со алергијата на Новак на глутен, за која малкумина знаат, а го спомнува и неговиот неодамнешен инцидент кога беше снимен како тенисерот пред натпревар од пластично шише вшмукува нешто кое не е течност.

Previous articleГеоргиев: Договорот е со реципроцитет – ќе менува Македонија, но ќе менува и Бугарија учебници
Next articleЕве што прави Cнеже Велков на одмоp: Навиките доаѓаат со тебе, и кога нема да ги спакуваш намерно