Home Live Еве што прави Cнеже Велков на одмоp: Навиките доаѓаат со тебе, и...

Еве што прави Cнеже Велков на одмоp: Навиките доаѓаат со тебе, и кога нема да ги спакуваш намерно

Снеже Велков е позната водителка, хуманитарка, но позната е и како личност која го негува здравиот живот, со вежбање и со исхрана. Во интервју за Женски магазин таа зборуваше за тоа како станала пилатес инструкторка.

-Сѐ си дојде на свое место, мене ми требаше пауза, немаше некој нов проект кој ми правеше адреналин.

Подолго време во себе си викав дека се изморив од патувања дека ми треба релаксирање од ТВ и дека сакам да пробам нешто друго, и ете свесно си направив да ми се случи и убаво ми е, раскажа Снеже за својата пауза од телевизијата.

„Пилатесот ми е љубов голема. Се засакавме пред девет години, а пред некои две влеговме во сериозна врска – станав инструктор. Чудна некоја енергија на поврзување и завист има меѓу мене и вежбањето.

Ненормална моќ на привлекување и недостаток. Чудо едно разбирливо само за оние кои навлегле и со умот и со телото во оваа дисциплина. Она: „пропушти искачанка, пропушти оброк, не пропуштај тренинг“ е мое мото последниве години.

Пилатесот ми е прво љубов, па професија.“, одговара Снеже за нејзината нова страст. Вели дека на пилатес ја навлекле прво другарките, и ја оставиле да ужива во нејзината зависност од него.

А идејата за да стане инструктор и ја всадиле нејзините први две инструкторки Ирина и Ивана. Инструкторката Ирина Митевска, ненадејно си замина од овој свет во мај во 2017 година, на 41 возраст. Таа неодамна на Инстраграм напиша:

А вие што јадевте денес? Доручкувавте ли мрзоволност, ненаспаност и “Кој ќе станува смути”? Дали каснавте лицемерие, тапшање по рамо и кисела насмевка за ужина?

Ви сервираа ли ветувања, политичка коректност и ќути има и полошо за ручек? Ви послужија ли “Јас знам што е најдобро за тебе” со гарнир- напнатост и негативна енергија?

Дали денес консумиравте љубомора, завист и сопки? Добивте ли фино спакувано колаче во вид на “Браво така треба, се горедам со тебе” а полнето со “Не знам како успеа неспособнава, кој знае кој ја бутка”?

Вечеравте ли “Види го на што личи, и не знам што се замислува”? Дрмнавте ли по една жестока кавга со колегите или домашните? Дали и денес моравте да соџвакавте нечии суети, лаги,глупави муабети и дрски реакции?

Мезевте ли пц овки? А дали пробавте денес депресија и анксиозност како нов тренд? Боцкавте ли гарнир од туѓи животи, туѓи маки и медиокритетни појави? Прашувам оти важно е со што храна го полните стомакот…

Ама уште поважно е со што си ја полните главата! Бирајте здраво

Снеже даде интервју за Гоце.мк и таму зборуваше за својот начпин на исхрана и за својот животен пат.

“Мојата одлука да станам веган е исклучително од здравствени причини, односно после откривањето на алергиите и интолератноста на храна од животинско потекло.Тоа се случи во 2005 година, што значи дека веќе 16 години сум веган.

Но, не сум од оние кои го наметнуваат и фанатично го промовираат овој стил на живот и исхрана, сѐ што правам е да покажам дека иако си веган можеш да функционираш и да се храниш нормално.

Инаку да, преоѓањето на овој вид на исхрана кај мене секако имаше позитивен ефект на здравствен план бидејќи веднаш ми сe намалија отоците како и нагоните за повра ќање кои ги имав а беа предизвикани токму од алергиските реакции на млеко и месо.

Секако тоа влијаеше позитивно и на мојата психо-физичка состојба-добив повеќе енергија побрз чекор полесна мисла и подобро расположение. Промената беше тешка напорна, напати и болна и мачна.

Знаете пред 16 години воопшто немаше избор за никаква замена за ништо. Ниту за млеко ниту за сирење да не зборувам за некаква замена на месо од растително потекло. И тогаш бев сведена само на ориз компир овошје и зеленчук…

Тешко беше да се прифати дека нема да каснам кашкавалче или млеко или чоколадо… Но, прифаќањето на проблемот како предизвик со кој ќе морам да се борам цел живот ми отвори нови видици за поинаков и позабавен начин на исхрана.

Па така си смислував и откривав нови рецепти чудни комбинации и забавни јадења.Така компирот стана торта а леблебијата бајадера! Па добив карамела од урми и сладолед само од замрзната банана!

А плескавица од грав и кебапче од леќа-фантастично! Всушност пресуден беше моментот кога одлучив дека проблемот ми станува предизвик и тогаш се стана полесно!” вели Снеже.

Сега Снеже има одлична форма и има сјаен младешки изглед, најмногу поради навиката за постојано вежбање, но пред се’ и гените кои ги има нашата водителка.

Таа сега отиде на одмор, па од таму се снимаше како прави нешто невообичаено што би се правело таму. Всушност, повеќето кога ќе отидат на одмор одлучуваат да одморат и да уживаат, а Снеже вежба пред да оди на плажа.

За Снеже, вежбањето не е заморна работа, напротив таа ужива во тоа што го прави.

,,Ви текнува на видеото: Прво си на аеродром после на плажа. Епа исто такво ама утнато.

Наравоучение: Забеганоста и навиките исто доаѓаат со тебе на одмор- дури и кога нема да ги спакуваш намерно,” напиша Снеже под видеото ОВДЕ.

Previous articleБританcки медиуми раcпалија по Ѓоковиќ Ноле и жена му: „Забегани“ се и двајцата
Next articleАнета Молика иcкрено проговори за нешто што молчела долго време: Не можев да станам од кревет, една нога ми беше колку две, а морав да пеам