Home News Георгиев: Договорот е со реципроцитет – ќе менува Македонија, но ќе менува...

Георгиев: Договорот е со реципроцитет – ќе менува Македонија, но ќе менува и Бугарија учебници

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Жозеп Борел и американскиот државен секретар Антони Блинкен во заедничка денешна изјава даваат поддршка Северна Македонија да ги отвори пристапните преговори со ЕУ, наведувајќи дека го поздравуваат „компромисниот предлог“ кој ги земал предвид интересите и грижите и на Северна Македонија и на Бугарија.

Борел и Блинкен велат дека во овој критичен момент од европската историја, обележан со неоправданата руска агресија против Украина, унапредувањето на патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ е клучно за зајакнувањето на кохезијата и отпорноста на целиот европски континент.

„Го поздравуваме компромисниот предлог кој ги зема предвид интересите и грижите и на Северна Македонија и на Бугарија заснован на меѓусебно почитување, доверба и разбирање. Суверената одлука на Собранието на Северна Македонија ќе биде важна за да се продолжи напред“, велат во изјавата.

Во Извештајот изготвен од страна на бугарското МНР за францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ, што денеска го објави „Дојче Веле“, се наведува дека Договорот за добрососедство и Протоколот не е формален критериум за отворање или затворање на преговорите.

-Во овој поглед, нацрт-преговарачката рамка не соодветствува со Рамковната позиција од 2019 година, бидејќи имплементацијата на Договорот за добрососедство и Протоколот од чл. 12 не претставуваат формален критериум за отворање или затворање на поглавјата од преговорите.

Не е предвидена улога на Советот на ЕУ (т.е. Бугарија) во оценката дали Република Македонија го спроведува билатералниот протокол, а оваа оценка е препуштена на ЕК, се вели во извештајот.

Бугарското Министерство за надворешни работи е незадоволно и смета дека за нив е проблематично тоа што Северна Македонија добила „чист македонски јазик“ во Преговарачката рамка.

Македонија нема да преземе еднострани обврски, и се што ќе направи македонско-буграската комисија за исторски прашања е на база на реципроцитет, вели професорот Драги Георгиев.

-Не може Македонија да ги менува учебниците, а Бугарија да не смени ништо во нејзините учебници. Не може Македонија да смени натпис на некој од спомениците на пример, ако дојде до тоа, а Бугарија да не смени, да остане онака како што е.

Тука има реципроцитет. Тоа е двострано, реципрочно. Ние ги добивме сите учебници од Бугарија како што и тие ги добија македонските учебници.

Сите обврски кои ќе произлезат од препораките на пример за заедничко чествување се однесуваат и на Бугарија, не само на Македонија.

Препораките се однесуваат и на бугарските учебници, не само на македонските учебници, вели Георгиев во интервју за Канал 77, а пренесува Канал 5.

Притоа Георгиев порача дека не треба јавноста да се плаши дека ако дојде до тој процес дека ќе се случат промени само кај Македонија, а дека нема да има и во Бугарија, потенцирајќи дека Комисијата не се занимава со идентитетските прашања.

-Тоа не е тема на работа на Комисијата да се престане да се манипулира дека таа ќе решава кој каков идентитет имал пред илјада години, рече професорот Георгиев.

Previous articleОва се спомените на Татјана Чепреганова, ќерката на д-р Чепреганов која во една прилика раскажа: Емоциите го покреваат човекот
Next articleБританcки медиуми раcпалија по Ѓоковиќ Ноле и жена му: „Забегани“ се и двајцата