Home Live Нина „министeрката“ згpме од Миконоc – не сте ја виделе во вакво...

Нина „министeрката“ згpме од Миконоc – не сте ја виделе во вакво издание (ФОТО)

Популарната Нина „Групер“ Ангеловска, поранешната министерка за финансии, остави силен белег во јавноста во изминатите години.

Покрај тоа што се етаблираше како узпешен стопанственик, во одреден период и беше укажана довербата да ја чува државната каса и прилично успешно се снајде во таа позиција.

Нина ја продаде компанијата која ја основаше пред 10 години, а за нејзиниот јубилеј, на Фејсбук напиша:

–Пред 10 години, на плоштад, на студ и снег, балонот на топол воздух кој го изнајмивме се бореше со ветрот да се исправи со цел да ја пренесе пораката дека се лансира нешто големо и ново на нашиот пазар.

Имав 22 години кога со цело срце и енергија со двајцата партнери тргнавме на претприемачкиот пат…

Ја лансиравме првата платформа за групни попусти во Македонија во време кога е-трговијата речиси и да не постоеше, картичките се користеа многу малку, социјалните медиуми беа во зародиш, а малите компаниите речиси и да не користеа дигитални алатки и немаа онлајн присуство.

Ниту почетоците, ниту прогресот и успесите не беа лесни. Вложувавме многу напорна работа, се боревме со секој предизвик, го совладувавме и го рагазувавме “длабокиот снег” за останатите.

Секоја совладана препрака (а ги имаше многу) значеше многу работа ама и нови собрани знаења и искуства што не правеа подобри и попаметни за следната.

Придонесовме за развој на е-трговијата, им помогнавме на стотици компании да се приклучат во е-светот, да добијат нови клиенти и да го рашират својот бизнис. Илјадници е-купувачи за прв пат купија онлјан на Grouper, пробаа нови искуства, открија нови места и станаа дел од Grouper заедницата која секоја година се зголемувше се повеќе.

Придонесот на Grouper беше препознат дома и меѓународно преку бројните награди и признанија (Forbes, UNCTAD и многу други). Заедно со неуморниот тим ја заживеавме и трансформиравме е-трговијата. Горди сме за се постигнато.

Покрај тоа што сум горда, сум и неизмерно благодарна – на партнерите сo кои поминавме една неповторлива деценија, на тимот (кои ми се многу повеќе од колеги), на моите родители и сестра ми кои ми даваа неизмерна поддршка.

Тие се справуваа со мене, на сите пријатели кои веруваа во мене од самите почетоци и ми беа помош и поддршка и секако на соработниците со кои изградивме пријателства и на корисниците без кои Grouper немаше да биде тоа што е денес.

После 10 Групер години, задоволство ми е да ја споделам големата новина на која работевме изминатиот период. Ми претставува чест да споделам дека Grouper стана член на Payten (дел од полската групација Аsseco SEE) фамилијата.

Во време на големата криза со пандемискиот вирус, во 2020 година, Нина Ангеловска остана запаметена по тоа што се откажа од својата плата, се додека на сила се владините мерки против ширење на корона вирусот.

Ангеловска многу често знае да се „стокми“ за некоја пригода и да ги воодушеви своите пријатели и фанови на социјалните мрежи.

Деновиве таа сподели фотографии од одморот на најпопуларниот грчки остров Миконос, кои се чини се највпечатливите досег и ги стопија нејзините пријатели и следбеници!

Previous articleЖана раскажа како е да се работи на Аљаска со риба, колку се заpаботува и како да се стигне до таму
Next articleПроф. Даниловски одговори на многубројните прашања, дали и кој треба да прими четврта доза